Луди графити на јавниот превоз во Кенија: 15 чудни работи од државите во светот
Израел
На автобуските станици има библиотеки, кои се базирани на систем на доверба.
Не е чудно ако видите 5-годишно дете како само минува улица, се качува во автобус или дури го чува своето помало братче/сестриче.
Иран
Aко некој ви понуди нешто треба да одбиете сѐ додека таа личност не почне буквално да ве моли да земете, дури тогаш може да се согласите, таква е практиката.
Комплетно нормално е локалци да поканат туристи да преноќат во нивниот дом, затоа ги бие глас дека се многу љубезни.
Исланд
Им посакуваат добро утро или добар ден на сите кои ќе ги сретнат на улица.
Нормално е да ги остават децата на улица во количка додека се во кафуле или продавница.
Турција
Се смета дека е некултурно да поканите гости во нечист дом.
С. С. | Црнобело