Прв побарал да се патентира секс кукла на дување, имал само еден тестис – мрачните тајни на Адолф Хитлер
Се чини дека знаеме премногу факти за животот на Адолф Хитлер, но недоволно. Хитлер се смета за еден од најголемите негативци во човековата историја.
Бизарен и контроверзен лик со многу повеќе слоеви отколку што е претставен во литературата и историските докази, Хитлер бил најславниот германски водач кој ја покорил Европа со помош на неговата налудничава идеја – да создаде „чиста, ариевска раса“.
Голем дел од податоците за Хитлер се криеле долг временски период, но еве неколку од најинтересните:
Хитлер никогаш не стапнал во концентрационен логор
Наредбите се издавале тивко, а се спроведувале послушно и без прекор. Тој никогаш не оставил пишани докази во кои наредува убиства или геноцид. Всушност, Хитлер никогаш не влегол во концентрационен логор. Секогаш се држел што подалеку од валканите работи.
Обожавал кучиња и не можел да поднесе насилство врз животните
Познат факт е дека Хитлер особено многу ги обожавал кучињата. Најстрого го забранувал насилството врз животните, го ограничил ловот и тестирањето лекови на нив со закон. Животните ги заменил со Евреите, што е всушност трагично.
Имал само еден тестис
Тестисот го изгубил во текот на Првата светска војна. Повреден бил за време на битката на Сома во 1916 година, а лекарот му го отстранил тестисот со цел да му го спаси животот. Многумина сметаат дека поради овој момент Хитлер имал фрустрации и комплекс на пониска вредност.
Бил вљубен во Еврејка
Нејзиното име било Стефани Исак, а тој никогаш не ѝ признал што чувствува кон неа. Ѝ напишал и ѝ посветил многу љубовни песни, Стефани била неговата прва младешка љубов. Но, како љубовта кон една Еврејка преминала во омраза на целиот народ, навистина е тешко да се сфати.
Прв ја патентирал секс куклата на дување
Всушност, идејата прв ја добил неговиот соработник Хајнрих Химлер. Германските војници многу често добивале сифилис и други сексуално преносливи болести од проститутките, па Химлер и Хитлер дошле до идеја да направат нешто од овој тип, барање кое го упатиле до главните инженери.
Иронично, бил номиниран за Нобелова награда за мир
Колку и да звучи парадоксално, ова навистина се случило. Имено, За Нобеловата награда за мир го номинирал шведскиот парламентарец Брант во 1939 година. Тој бил поборник на антифашизмот и со номинацијата сакал да направи еден вид на пародија. Сепак, неговата шега не ѝ се допаднала воопшто на јавноста.
(О)Милена | Црнобело