Колку чинел билет за прва класа на Титаник? - Интересни факти со кои ќе научите нешто ново
Знаевте ли дека постои држава во која нема комарци? А, знаете ли кои настани се „виновни“ за создавањето на YouTube и Google Images?
Во светот постојат и се случуваат безброј работи, а многу од нив се навистина интересни.
Во продолжение прочитајте неколку интересни факти со кои ќе научите нешто ново:
Во Исланд нема комарци
Ова е доволна причина уште веднаш да посакате да се преселите во Исланд (во нормални услови). Имено, таа е една од ретките места на Земјата, каде нема да страдате од убод од комарци.
Причината за ова е брзата промена на времето и климата во Исланд. Дури и кога ќе дојдат потопли температури, тие паѓаат повторно многу побрзо отколку на други места, па комарците немаат време да се размножат и да опстанат на ладното време.
Најскапиот билет на Титаник чинел 68.000 долари
Се верува дека највисоката сума што била платена за престој во прва класа на Титаник е тогашни 2.560 долари. Денес, ова е вредност од околу 68.000 долари.
Една од патничките кои го купиле овој билет е Шарлот Дрејк Кардеза. Наводно, таа имала апартман со две соби, дневна, две простории за гардеробер, па дури и приватен дел на палубата.
Рис Витерспун требало да го позајмува гласот во „Brave“
Познатата актерка речиси добила улога во легендарниот „Brave“. Дејството на филмот се одвива во Шкотска, а бидејќи шкотскиот акцент на Рис бил многу лош, таа не станала дел од тимот.
Подоцна, Рис изјави дека отсекогаш имала проблем со имитирањето акценти.