„Да се биде секси, не значи да се биде разголена“ - вистинити цитати на модните дизајнери
Модата е важен дел од нашиот живот и честопати го издава нашиот карактер и како се чувствуваме. Модата е игра која ни дозволува да експериментираме.
Ова се дел од најдобрите цитати на светските модни дизајнери.
Чевлите го менуваат говорот на вашето тело и ставот. Тие ве подигнуваат и физички и психички – Кристијан Лубутин
Мода е она што ви го презентираат дизајнерите 4 пати годишно, стил е она што го одбирате сами – Лорен Хатон
Облечете се обично и ќе ви го запомнат фустанот, облечете се неповторливо, ќе ве запомнат вас – Коко Шанел
Ми приоѓаат мажи и ми кажуваат како сум им го спасил бракот. Моите чевли ги чинеле вистинско богатство, но се поевтини од разводот. Така што, се чини дека сè уште сум корисен. Моето време не е пројдено – Кристијан Лубутин
Девојките мора да научат дека да се биде секси, не значи да се биде разголена – Марк Џејкобс
За да бидете неодоливи, мора да бидете поинакви – Коко Шанел
Кога се двоумите, облечете црвено – Бил Блас
Никогаш немојте да мислите дека премногу се грижите какви чевли да одберете. Премногу жени мислат дека чевлите не се важни, но потврдата за елегантна жена е секогаш на нејзините нозе – Кристијан Диор
Секој може да се дотера и да биде гламурозен, но најинтересно е да ги гледате луѓето како се облекуваат кога се на одмор и не се замараат дали некој ќе ги види – Александар Ванг
Купувајте малку, одбирајте добро и комбинирајте сами – Вивиен Вествуд
Е. П. | Црнобело