Факти кои веројатно не ги знаеме за сопственото тело
Мислиме дека добро го познаваме својот организам и знаците кои телото ни ги испраќа, но ќе бидете зачудени колку основни податоци ви останале неоткриени.
Човечкото тело е таинствен и сложен механизам, за кој вреди да ги знаете следниве 15 факти напамет:
- На трепкање трошиме вкупно 5 години во текот на животот.
- Во устата имаме исто толку бактерии колку што постојат луѓе на Земјата, а можеби и повеќе.
- Едно влакно од човечка коса може да издржи тежина на едно просечно јаболко.
- Произведуваме по околу 600ml плунка дневно.
- Вкупната должина на нервите во телото е 75 километри.
- Срцето во текот на 1 година отчукува 35 милиони пати.
- Секој човек дневно вдишува по 20.000 пати.
- Луѓето можат да разликуваат преку 10 милиони различни бои и нијанси. Но, не можат да им ги запаметат имињата.
- Во просек, секој човек во текот на животот внесува 35 тони храна.
- Секој ден човекот губи по околу милион клетки од кожата. Годишно – по околу 2 килограми.
- Во човечкиот мозок, за 1 секунда, се случуваат 100.000 хемиски реакции.
- Додека се смеете – ви работат 17 мускули истовремено, а додека плачете – дури 43.
М. Д. | Црнобело