Првите Лего човечиња биле НБА кошаркари - 25 факти кои ќе ги изненадат љубителите на Лего коцките
Лего коцките се едни од најпопуларните и најпродаваните играчки на сите времиња, ширум целиот свет.
Освен децата, во нив апсолутна забава наоѓаат и возрасните, а доказ за нивната успешност е нивната неверојатна историја која датира повеќе од 80 години.
Лего коцките спаѓаат во листата на едни од најпродаваните играчки, но исто така, тие се едни од најкористените играчки и се дефинитивно еден од најпознатите светски брендови.
Покрај забавата која оваа безвременска игра ни ја пружа, постојат голем број позитивни карактеристики кои придонесуваат кон логичкото размислување на детето, развојот на моториката, концентрацијата, контролата и уште многу други бенефити.
Во продолжение ви претставуваме 25 факти за овие легендарни тули кои веројатно не сте ги знаеле:
1. Зборот „Лего“ потекнува од првите две букви од данските зборови „Leg“ и „Godt“, што во превод би значело „играј добро“.
2. Оле Кирк Кристијансен (1891-1958) ја создал Лего групацијата во 1932 година, со цел да го искористи старото дрво од неговиот неуспешен бизнис со мебел.
Во 1949 година тој ги патентирал добропознатите Лего коцки.
3. Оле Кирк Кристијансен, всушност не ги измислил Лего коцките, туку тоа го направил еден британец по име Хилари Фишер Пејџ (1904-1957).
За жал, Хилари умрел пред да открие дека Лего го „позајмил“ неговиот изум.
4. Секоја личност на планетата Земја поседува просечно 86 Лего коцки.
5. Во светот постојат над 4 милијарди Лего коцки. Наредени во висина, тие ќе бидат високи 2.386.065 милји, што е десетпати повисоко од Месечината.
6. Лего коцките се дел од универзален систем, што значи дека парче направено во 1958 година би одговарало со парче изработено денес.
7. Лего коцките се едни од ретките комерцијални играчки што не се произведени во Кина.
Постојат Лего фабрики во Данска, Унгарија и Чешка.
8. Постојат повеќе од 3.500 различни Лего елементи во над 60 различни бои.
9. Мотото на Лего е „Det Bedste Er Ikke for Godt“, што значи: „Само најдобриот е доволно добар“.
10. Во 2003 година, првите Лего човечиња базирани на вистински луѓе биле НБА кошаркарите, како Коби Брајант.
11. Повеќето парчиња на Лего се изработени од ABS пластика, што значи дека тие никогаш нема да се распаднат.
12. Најголемиот сет Лего коцки досега продаден е Таџ Махал, со 5.922 парчиња.
13. Околу 86% од Лего човечињата се машки.
14. Првите Лего човечиња создадени во 1978 година имале жолта кожа, две црни точки кои ги претставувале очите и широка насмевка за да со цел да претставувуваат луѓето од сите страни на светот.
Во 2003 година, групацијата Лего додаде минимални и реални тонови на кожата, изрази на лицето и моделирана коса.
15. Најскапото Лего човече е создадено од 14 каратно злато.
Всушност ова мини-човече е ликот Ц-3ПО, создадено во чест на 30-годишнината на „Војна на ѕвездите“, за кое се вели дека вреди најмалку 200 долари.
16. Процесот на обликување на Лего коцките е толку прецизен што само 18 елементи на секој еден милион не го поминуваат високиот стандард на компанијата.
17. Во септември 2014 година, Лего го помина Хасбро и стана вториот најголем производител на играчки во светот, зад Мател (кој е создавач на Барби и многу други познати играчки).
18. Постојат повеќе од 915 милиони начини за комбинирање на 6 Лего тули.
19. Највисоката светска Лего кула е висока над 35 метри и е изработена од 550.000 тули и се наоѓа во Милано, Италија.
Таа е изградена од илјадници деца.
20. Главите на Лего човечињата се празни со мали дупки од двете страни.
Поради нејзиниот дизајн, веројатноста детето да се загуши при голтање на истата е значително помала.
21. Во 2000 година, Лего коцките ги победија Мечето Теди и куклата Барби и беа прогласени за „играчка на векот“.
22. Бидејќи Лего коцките нудат репетитивна и структурирана форма на игра, тие им помагаат на децата со аутизам да развиваат неколку вештини, како што се невербална и вербална комуникација, споделување и тимска работа.
23. Ако Лего човечињата беа вистински луѓе, тие ќе беа најголемата светска популација.
24. При спроведена анкета врз речиси 1.000 деца, Лего коцките се покажале како најинтересна играчка од вкупно понудените 20.
25. За време на празничната сезона, 28 серии на Лего коцки се продаваат секоја секунда.
Мила М. | Црнобело