Молња ја погодува 600 пати годишно: 7 факти што можеби не сте ги знаеле за Статуата на слободата

(19.04.2020) Статуата на слободата е американски споменик што се наоѓа на островот Либерти на устието на реката Хадсон во Њујорк. 

molnja-ja-pogoduva-600-pati-godisno-7-fakti-sto-mozebi-ne-ste-gi-znaele-za-statuata-na-slobodata-fg.jpg

Од 1984 година, Статуата се наоѓа на листата за светско наследство на УНЕСКО.

Ова се 7 работи што можеби не сте ги знаеле за Статуата на слободата:

1. Статуата на слободата ја прикажува римската божица на слободата - Либертас. Во раката носи факел на кој е испишан датумот 4 јули 1776 година - денот на потпишувањето на Американската декларација за независност.

2. Статуата на слободата е всушност прекар. Вистинското име на овој споменик е Liberty Enlightening the World, а Американците ја добиле како подарок од Французите во 1886 година.

3. Главата на статуата за првпат била прикажана на изложбата Exposition Universelle во 1878 година во Париз.

molnja-ja-pogoduva-600-pati-godisno-7-fakti-sto-mozebi-ne-ste-gi-znaele-za-statuata-na-slobodata.JPG

4. Од подот до врвот на факелот, споменикот е висок 93 метри, а тежи 225 тони.

Molnja ja pogoduva 600 pati godisno 7 raboti sto mozebi ne ste gi znaele za Statuata na slobodata 02

5. Посетителите можат да се искачат до круната на божицата, до која водат 354 скали. До 1916 година, можело да се влезе и во факелот, но ова веќе не е можно од безбедносни причини. Околу 4 до 5 милиони туристи секоја година ја посетуваат Статуата на слободата.

raboti-shto-ne-ste-gi-znaele-za-statuata-na-slobodata-02.JPG

6. Статуата на слободата во втората половина на 19 век била симбол на имигрантите. Таа била првото нешто што го виделе скоро 9 милиони луѓе кога пристигнувале во „ветената земја“.

7. Молња ја погодува статуата околу 600 пати секоја година.

Додека сте дома, не заборавајте да ја погледнете одличната понуда во онлајн продавниците на брендовите на Fashion Group. Купувањето од дома не било никогаш поедноставно - уживајте во поволностите кои ги нудат вашите омилени брендови. Клик тука.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg