Не чекајте извинување за да простите - 10 вистинити факти на кои треба да се потсетиме
Понекогаш ни треба мал потсетник дека треба да го живееме животот со полни гради. Да, времето лета брзо, обврските често знаат да нè прегазат и да заборавиме дека нема да сме тука засекогаш.
Затоа, имајте ги на ум овие 10 можеби малку болни вистини:
1. Просечниот живот на човекот е релативно краток.
2. Сите го живееме животот како што сами си го креираме.
3. Ако сте зафатени, не значи и дека сте продуктивни.
4. Неуспехот е нормален и мора да се случи пред да успеете во нешто.
5. Мислење и делување се две сосема различни работи.
6. Не треба да чекате извинување за да простите некому.
7. Некои луѓе едноставно се погрешен избор.
8. Другите луѓе не треба да ве сакаат. Тоа е ваша работа. Вие треба да се сакате себеси.
9. Сè сe менува, секоја секунда.
10. Болката е вистинска, иако не ви се допаѓа.
Е. П. | Црнобело