„Ако сакаш да го насмееш Бог, кажи му ги своите планови“ – најдобрите цитати на генијалниот Вуди Ален
Ја носи етикетата на невротичен гениј и богатство на американската кинематографија. Тој е еден од најдобрите режисери на сите времиња и секој актер би посакал улога во некој негов филм. Неговото вистинско име е Ален Стујарт Кенигсберг, а роден е на 1 декември 1935 година.
Вуди Ален е добитник на 4 златни статуетки и уште поголем број на номинации за Оскар.
Работи на комедии со доза на драматичност, а неретко и самиот глуми во нив. Се потпишува како режисер на повеќе од 40 филмови.
Можете да го сакате или да го мразите, сепак, Вуди Ален е апсолутно богатство кое треба да се цени. Неодамна, Вуди Ален се соочуваше со обвинение за сексуално злоупотребување и неговото име беше додадено на долгиот список на холивудски моќници кои се соочуваат со истите сериозни обвиненија.
Сепак, неговиот генијален ум не може да помине незабележано. Прочитајте дел од неговите најдобри цитати:
„Времето е средство со кое природата спречува сите работи да се случат одеднаш.’
„Многу сум горд на мојот златен часовник. Дедо ми мѝ го продаде кога беше на смртна постела.“
„Ако сакаш да го насмееш Бог, кажи му ги своите планови.“
„Можете да ја доживеете стотата година ако се одречете од работи заради кои би сакале да ја доживеете стотата година.“
„За вас сум атеист. За Господ сум лојална опозиција.“
„Бисексуалноста автоматски ви ги удвојува шансите за состанок во сабота навечер.“
„Многу луѓе се плашат да ризикуваат и повеќе им се допаѓа празен, предвидлив живот кој постојано се повторува.“
„Умирањето е едно од ретките нешта што може да се направи лежејќи.“
„Јас не се плашам да умрам, само не сакам да бидам таму кога тоа ќе се случи.“
„94,5 отсто од сите статистики се измислени.“
„Ако мојот филм направи само една личност да се чувствува очајно, тогаш ќе сметам дека сум ја завршил својата работа.“
„Кога ме киднапираа, моите родители веднаш се фрлија во акција. Ја изнајмија мојата соба.“
„Што ако сè е илузија и ништо не постои? Во тој случај дефинитивно премногу го платив мојот тепих.“
„Постојат два типа на луѓе во светот – добри и лоши. Добрите спијат подобро, но изгледа дека лошите повеќе уживаат во часовите кога се будни.“
„80% од успехот е појавувањето.“
„Сексот е како партија бриџ. Ако немате добар партнер, подобро да имате добра рака.“
„Има и полоши работи во животот од смртта. Дали некогаш сте ја поминале вечерта со агент што продава осигурителни полиси?“
„Јас сум шеф во мојата куќа, жена ми само ги носи одлуките.“
„Кога маж ѝ отвора врата од автомобил на една жена, тогаш или автомобилот е нов, или жената.“
„Верувам дека таму некаде постои нешто што нè надгледува. За жал, тоа е владата“.
(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com