Ниту една свиња во Франција не смее да го носи неговото име - 5 интересни факти за Наполеон Бонапарт
Широко сметан за еден од најголемите воени лидери што некогаш ги видел светот, Наполеон Бонапарт (1769-1821) владеел со Франција (и голем дел од Европа) од 1804 и 1814 година, и повторно стотина дена во 1815 година.
Наполеон е еден од најголемите воени генијалци во XIX век кој ја освоил цела Западна Европа и Египет.
Самиот се крунисал за император на Франција во 1804 година и вовел реформи од кои неколку и ден-денес се во употреба.
Во продолжение ви претставуваме 5 факти за овој француски император кои можеби не сте ги знаеле:
1. Постои закон според кој е нелегално свиња да го добие неговото име
Во првата година од неговото владеење, Наполеон го вовел Францускиот граѓански законик или Наполеонскиот законик, кој на крајот бил усвоен од буквално цела Европа.
Покрај воведувањето високо прогресивни закони, Наполеон вметнал многу чуден закон според кој било забрането да се именува свиња по неговото име.
Уште почудно е тоа што законот никогаш не бил повлечен, па затоа француските сопственици на свињи сè уште ризикуваат законски санкции ако ги именуваат своите свињи по Наполеон.
2. Тој бил една од првите жртви на британските таблоиди
Додека траела воената експедиција во Египет во 1798 година, Наполеон бил известен за аферата на неговата сакана сопруга Жозефина со поручникот хусар Хиполит Чарлс.
Неговата лутина била огромна.
Тој му напишал писмо на својот брат Јосиф, откривајќи го менувањето на неговите чувства кон Жозефина поради неверството.
Наскоро, писмото западнало во рацете на некои британски таблоиди и Наполеон бил понижен пред цела Европа.
3. Заслужен е за честослушаниот цитат: „Слика вредна илјада зборови“
Еден од најпопуларните цитати, „Сликата е вредна илјадници зборови“, честопати му се припишува на Наполеон.
Сепак, важно е да се напомене дека тоа всушност не се точните зборови на францускиот генерал.
Наместо тоа, тој рекол: „Un bon croquis vaut mieux qu’un long discours“, што во превод би значело: „Добрата скица е подобра од долгиот говор“.
Практично, значењето е исто, но доволно различно за „авторството“ да не се припише на Наполеон, односно да се оспори неговата сопственост.
Според некои, тоа е кинеска поговорка, додека други ја припишуваат на Фред Р. Бернард.
4. Наполеон бил исмејуван за корзиканскиот акцент
Ова се случило навистина одамна, пред тој да стане најмоќниот човек во Европа.
Се вели дека задевањето започнало од страна на неговите колеги, студенти на Француската воена академија, каде што тој присуствувал од 1779 до 1784 година.
Бидејќи е роден на островот Корзика во семејство со италијанско потекло, тој имал посебен акцент, различен од акцентите на неговите врсници на кои Воената Академија била навикната.
Со текот на годините, неговиот акцент станал помалку изразен, но тој зборувал француски со корзикански акцент до крајот на животот.
Наводно, тој бил исмејуван и од неговите војници.
5. Тој напишал роман
Наполеон бил човек со многу таленти.
Покрај тоа што бил брилијантен воен водач, државник, законодавец и реформатор, тој бил и писател.
Наполеон напишал роман под наслов „Клисон и Евгенија“.
Низ годините, сите негови списи биле собрани и романот за првпат бил објавен во 2008 година.
Мила М. | Црнобело