Февруари е единствениот месец во кој може да нема полна месечина - интересни факти за најкраткиот месец
Февруари е најкраткиот месец, месецот на вљубените и во зависност од тоа каде живеете, месецот на голем студ (како кај нас).
Ова се 10 интересни факти за најкраткиот месец во годината:
1. За разлика од другите месеци, февруари нема секогаш ист број на денови. На секои 4 години има 29 дена.
2. Името на овој месец потекнува од латинскиот збор „februum“, што значи прочистување.
3. Во Северната хемисфера, февруари е третиот месец од зимата, додека во Јужната хемисфера е третиот месец од летото.
4. На велшки, февруари понекогаш се нарекува „y mis bach“, што се преведува како мал месец.
5. Февруари е месецот чие име најчесто погрешно се пишува на англиски јазик (на англиски точно е „February“, а кај нас - февруари).
6. Февруари, март и ноември секогаш започнуваат во ист ден во неделата, освен ако не е престапна година.
7. Февруари е единствениот месец во годината во текот на кој е можно да нема полна месечина.
8. Должината на февруари се менувала низ историјата. Во еден период имал само 23 дена.
9. Астролошките знаци на февруари се Водолија и Риби.
10. Во САД, февруари е посветен на историјата на Афроамериканците.
Ашера | Црнобело