„Секое патување почнува со еден чекор“ - Цитати кои ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа
На сите понекогаш ни е потребна мала мотивација која ќе нè „размрда“ и ќе ја разбуди желбата во нас да продолжиме да чекориме во насоката кон нашите соништа.
Секогаш првиот чекор е најтежок да се направи, но сите големи работи во животот започнуваат со мали, но сигурни чекори.
Во продолжение прочитајте што имаат да кажат некои „големи“ и успешни луѓе за целите и соништата:
„Секое патување од десет километри започнува со еден единствен чекор.“ – Лао Це
„Ако не можеш да леташ - тогаш трчај, ако не можеш да трчаш - тогаш оди, ако не можеш да одиш - тогаш ползи, но што и да правиш, мораш да продолжиш да се движиш напред.“ – Мартин Лутер Кинг
„Единственото невозможно патување е она коешто никогаш не започнало.“ – Тони Робинс
„Дајте ми 6 часа за да исечам едно дрво и јас ќе ги потрошам првите 4 во острење на секирата.“ – Абрахам Линколн
„Успехот најчесто доаѓа кај оние кои се презафатени да го бараат.“ – Хенри Давид Тероу
„Не го судете секој ден по жетвата што ја жнеете, туку по семето што го садите.“ – Роберт Луис Стивенсон
„Ние сме тоа што го правиме постојано. Значи, извонредноста не е чин, туку навика.“ – Аристотел
„Клучот до остварувањето на сонот е да не се фокусирате на успехот, туку на значењето, и тогаш дури и малите чекори и малите победи по вашиот пат ќе добијат поголемо значење.“ - Опра
Т. Ѓ. | Црнобело