„Луѓето страдаат затоа што се затвореници на сопствените сфаќања“ - 12 мудрости од индиски зен учител
Thich Nhat Hanh е еден од најпознатите учители на Зен, поет и миротворец. Неговото клучно учење е дека преку свесност можеме да научиме да бидеме среќни во сегашниот момент, а тоа е единствениот начин да се постигне вистински мир, во себе и во светот.
Ова се неколку мудрости од него:
„Никој не може да ни даде слобода, ние треба самите да ја негуваме. Тоа е секојдневна практика.“
„На луѓето им е тешко да се откажат од своите страдања. Од страв од непознатото, го бираат страдањето што им е познато.“
„Сознанието е секогаш можно. Мало сознание ќе доведе до големо. Ако дишете и сте свесни дека сте живи - ќе ја почувствувате магијата на животот. И тоа е вид на сознание.“
„Многу луѓе живеат без да бидат свесни за магијата на животот“.
„Можно е да се живее среќно во овој момент и на ова место. Толку многу предуслови за среќа ни се на дофат - повеќе од доволно за да нè направат среќни во моментов.“
„Луѓето страдаат затоа што се затвореници на сопствените сфаќања. Штом ќе се ослободиме од овие сфаќања, стануваме слободни и повеќе не страдаме.“
„Самосвеста ни овозможува да живееме во сегашниот момент. И секој пат кога сме самосвесни можеме да ја препознаеме моменталната состојба на среќата.“
„Можеме да живееме само во сегашноста. Затоа мора да веруваме дека секој чекор ќе нè води до ова место и во овој момент.“
„Кога сакаш некого, најдоброто што можеш да го понудиш е твоето присуство. Како можеш да сакаш ако не си присутен?“
„Да се биде сакан значи да се препознае како битие што постои.“
„Секоја мисла што ја имате, сè што ќе кажете, сè што правите, го има вашиот печат“.
„Мора да продолжиме да учиме. Треба да имаме отворен ум. И треба да бидеме подготвени да се ослободиме од сопственото знаење, за подобро да ја разбереме реалноста.“
Ашера | Црнобело