Фасцинантниот живот на првата добитничка на Нобеловата награда - Марија Кири

Животната приказна на полската хемичарка и физичарка Марија Кири е инспирација за генерации жени, кои сè уште се борат за своето место во „машкиот свет“.

Marija Kiri fascinanten zivot na prvata dobitnicka na Nobelovata nagrada 01

Кири е првата жена која освоила Нобелова награда, а ова се неколку детали од нејзиниот живот:

Марија потекнува од скромно семејство кое го ценело образованието. Нејзиниот татко бил професор по математика и физика, сè додека не бил отпуштен заради неговите про-полски политички убедувања. Нејзината мајка била директорка на женски интернат.

Мајка ѝ го напуштила своето работно место кога се родила Марија, а 10 години подоцна, починала од туберкулоза. Истата година, малата Марија била испратена во интернат, а потоа се запишала во женско средно училиште.

Желбата за понатамошно образование, како и љубовта кон физиката и математиката, станувале сé поголеми, но во тоа време, високото образование било резервирано исклучиво за мажи.

Ова било резултат на патријархалните и политичките околности во земјата, но Марија, и покрај тоа, успеала да се запише на универзитетот Latajqcy. Сепак, таа отсекогаш сонувала да замине во Париз и да се запише на престижната Сорбона - нешто што успеала да го направи неколку години подоцна.

Научната кариера ја започнала во 1894 година, со истражување на магнетните својства на челикот, а истата година се запознала со физичарот Пјер Кири. Пријателството засновано врз заедничка страст кон науката полека прераснало во љубов.

Marija Kiri fascinanten zivot na prvata dobitnicka na Nobelovata nagrada 02

Парот се венчал во 1895 година, а на скромната церемонија Марија носела темносин фустан, наместо венчаница, што после го користела за работа во лабораторија.

Парот Кири започнал со научна работа, што во 1903 година резултирала со номинација за Нобелова награда. Комитетот првично имал намера да ја додели Нобеловата награда за физика само на Пјер и неговиот колега Хенри Бекерел за нивното истражување за зрачење.

Но Магнус Густаф Митаг-Лефлер, шведски математичар и борец за женски права во науката, го предупредил Пјер за ова. Па, по неговата жалба, Марија Кири исто така била номинирана и на крајот станала првата жена што ја освоила престижната награда.

Марија Кири денес се слави како една од најважните женски научници на сите времиња и икона на феминизмот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg