9 цитати на едниот и единствен Јосип Броз Тито

Јосип Броз Тито беше на чело на Југославија 27 години. Од Втората светска војна Тито излезе како народен херој...

9-citati-na-edniot-i-edinstven-josip-broz-tito-01.jpg

Од Втората светска војна Тито излезе како народен херој и легендарен лидер, обожуван од народот. Тој ги предводеше партизаните во славната антифашистичка борба.

Неговите воени стратегии се предмет на изучување и проучување, а ова се дел од неговите цитати кои ќе се паметат вечно.

1. Да имате леб и сè што е потребно за секојдневен живот, значи да бидете потполно независен од секоја помош од страна.

2. Мирот е над сè.

3. Уживам кога после убав сончев ден можам да прошетам низ полињата, шумите, покрај река, кога можам непосредно да го видам интимниот живот на природата околу себе. Природата треба да се сака, а дивечот е нејзин составен дел. Јас често одам на лов, но не пукам. Сметам дека целосното ловџиско задоволство не е во тоа да пукаш, туку во самиот престој во природа, поминат во размислување и одмор.

4. Ние, во Југославија, мораме да покажеме дека не постои малцинство и мнозинство. Социјализмот веќе ги исфрлува малцинствата. Тој бара еднаквост помеѓу малцинството и мнозинството и тогаш не постои ниту мнозинство, ниту малцинство, туку има само еден народ, производител, работен човек, социјалистички човек. Работната класа е столб на нашата социјалистичка држава. 

Работничката класа на сите националности и во сите републики има исти гледишта и исти интереси, и таа претставува цемент што ја зацврстува и јакне нашата социјалистичка заедница.

9-citati-na-edniot-i-edinstven-josip-broz-tito-2.jpg

5. Пролеавме море крв за братството и единството на нашите нации. Ние нема да дозволиме некој да нè допира или да не уништува одвнатре, да го сруши тоа братство и единство.

6. Попрво Сава ќе потече нагоре отколку Хрватите да имаат своја држава.

7. Чувајте ми го братството и единството како зеница во своето око.

8. Многу работам, па немам време да стареам.

9. Братство и единство може да постои само меѓу оние кои се навистина рамноправни.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg