Mорничави факти за лоботомијата - jа правеле со шило за мраз, повеќето операции биле неуспешни (вознемирувачко)
-->
Лоботомијата ја извдувале така што го ставале шилото во мозокот преку очната шуплина, со помош на чекан. Штом шилото ќе се најдело во мозокот, го движеле наоколу, сечејќи низ мозочната маса. Операцијата воопшто не била прецизна, а доктор Фримен ја изведувал за 10-тина минути, без анестезија.
Волтер Фримен направил 3.500 лоботомии во 23 американски држави. Повеќето биле неуспешни и резултирале со смрт на пациентот.
И покрај катастрофалните несакани ефекти од лоботомиите, доктор Фримен сепак ги нарекувал операциите успешни бидејќи пациентите не биле вознемирени. Но оние кои ја преживеале операцијата морале одново да учат како да користат тоалет и како да одат, но според Фриман, ова било само ситница.
-->
Сигрид Хјертен, легендарна уметница од 20-тиот век, била уште една жртва на лоботомија. Откако била дијагностицирана со шизофренија, таа била хоспитализирана во болница во Стокхолм каде што ѝ била изведена процедурата. Поради компликации, умрела во 1948 година.
Во раните 1940-ти, лоботомијата се сметала за магичен лек во Британија. Се претпоставува дека британските хирурзи извеле повеќе лоботомии од САД во тој период.
Добитникот на Оскар и најплатениот актер во своето време, Ворнер Бакстер, бил првата позната жртва на лоботомија. Како што стареел, тој страдал од артритис и му бил направена лоботомија со цел да му се намали болката. За жал, умрел кратко по операцијата поради компликации.
На 23-годишна возраст, сестрата на Џон Ф. Кенеди, Розмери Кенеди, имала лоботомија што ја оставила трајно неспособна. Нејзиниот татко ја закажал лоботомијата без да ѝ каже на сопругата бидејќи во неговите очи, Розмери била ментално неспособна и не се совпаѓала со остатокот од семејството.
-->
-->
Во средината на 1950-ите се појавил нов лек што ги направил лоботомиите застарени. Името на лекот било торазин. На почетокот, торазинот се сметал за „хемиска лоботомија“. Иако резултатите не биле секогаш добри, барем пациентот можел да прекине со терапијата. Лоботомијата, од друга страна, е неповратен процес.
-->
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер?
Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн
„Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
-->