На што ќе ве научи животот?
Секогаш сме во потрага да научиме што е можно повеќе. Да бидеме што е можно подобри. Да напредуваме брзо. Но, понекогаш треба да застанеме и да погледнеме наназад – што сме оствариле во изминатите години.
Ова се неколку вистинити лекции кои ќе ги увидите низ животот:
1. Првата палачинка секогаш не ни излегува како што треба.
2. Не мора да се согласувате со секого, ниту да се трудите да им се допаднете на сите.
3. Љубовта нè прави глупави.
4. Секогаш имаме 2 избори, дури и кога не ни се допаѓаат.
5. Повеќето луѓе прават работи од себични мотиви.
6. Во ред е да ги прекршите правилата, сè додека сте доволно добри да не ве фатат, и да не повредите никого.
7. „Бидете пољубезни отколку што е потребно“, бидејќи сите што ги запознавате се борат во некоја битка.
8. Постојат три страни во секоја приказна: Неговата, нејзината и вистината.
9. Жалењето и обвинувањето на другите не ви помага и е навистина мизерно друштво.
10. Сè во твојот живот е твоја одговорност.
11. Секогаш постои надеж.
12. Секогаш можеш да бидеш благодарен за нешто.
13. Ако не правиш грешки, не се трудиш доволно.
14. Никогаш не стануваш возрасен. Само добиваш повеќе одговорности и стануваш помудар.
15. Покажувањето емоции не е знак на слабост. Знаењето кога е соодветен момент за тоа, е вештина.
16. Google може да одговори сè!
17. Искреноста е секогаш најлесниот пат.
18. Никогаш не треба да престанеш да учиш и да се трудиш да станеш подобра личност.
19. Грижењето е бескорисно, освен ако не те мотивира да преземеш акција.
20. Постои само страв и љубов. И едното од нив е далеку позабавно.