Најапсурдни закони за сексот
Можеме да сфатиме зошто сексот на јавно место всушност и треба да биде забранет. Од една страна да - ја вознемирува јавноста, поточно оние кои гледаат.
Но, од кои причини жените смеат да имаат само две дилда, зошто е дозволено секс само во темница – не ни е сфатливо.
Ова се бизарни закони за сексот од неколку земји низ светот:
1. Уругвај. Ако мажот ја фати жена си како го изневерува може да одбере два начини за казнување. Изборот е навистина тежок – може да ја убие својата жена и љубовникот или него да го кастрира, а неа да и го исече носот.
2. Аризона. Оваа американска држава забранува повеќе од 2 дилда во домот. Само не ни е јасно на кој начин прават проверка.
3. Кливленд. Овде, на жените им е забрането да носат лаковани чевли.
4. 28 држави во САД. Во нив е забранет орален секс. И ова не ни е баш најјасно како проверуваат.
5. Англија. Ако во Лондон ве фатат како имате секс на мотор – може да завршите зад решетки. Забранет е и секс на една ноќ.
6. Хаваи. Забранет е секс за малолетници. Ако ве фатат вашите родители ќе мора да работат 3 години за државата затоа што воспитале слободоумен дечко/девојка.
7. Кина. Непишано правило во Кина е дека жените не смее да ги гледате во голи стапала.
8. Обединети Арапски Емирати. Нежности и бакнувања во јавност се строго забранети.
9. Израел. Ако гледате порно филмови може да завршите и 3 години во затвор.
10. Унгарија. Пред да имате секс во Будимпешта – изгаснете светло. Имено, сексот е одобрен само ако се одвива во темница.