13 факти за Пабло Ескобар - имал 142 авиони за криумчарење, глувци му ги јаделе парите
Неговата империја ја градел на метод на корупција и заплашување.
Се водел од политиката „plata o plomo“, што значело или ќе прифатите пари или ќе добиете куршуми.
Одговорен е за повеќе од 4.000 убиства и огромен број на поставени бомби
Од претседателски кандидати до министри и судии, многу луѓе биле убиени од страна на Ескобар.
Мудро ги криел парите
Тој полнел камиони со пари, а многумина тврдат дека на детските родендени пињатите наместо со слатки работи, ги полнел со пари. Плаќал и на луѓе да му ги чуваат парите во ѕидовите од нивните куќи и подруми.
Бил избран во конгресот
Уште како млад имал амбиција да стане претседател на Колумбија, па со помош на својата популарност и богатство успеал дури да биде избран како член во конгресот.
Но, поради притисок морал да се откаже од политичката кариера бидејќи реално благодарение на него Колумбија станала земја со најмногу убиства во тој период.
Изградил свој луксузен затвор
Откако убил претседателски кандидат во 1991 година Пабло бил под радар на власта и морал да се предаде. Но, преговарал да биде сместен во луксузниот затвор кој го изградил сам „La Catedral“ со СПА, место за скара, фудбалско игралиште и ноќен клуб.
Неговата смрт останува мистерија
Неговиот режим на терор довел до тоа Пабло Ескобар да биде убиен на 44-годишна возраст. Убиен е во 1993 година во Меделин во престрелка помеѓу него и колумбиската полиција.
Братот на Пабло верува дека кога Пабло сфатил дека нема да успее да побегне преку покривот и се самоубил затоа што имал ветено дека ќе го стори тоа ако некогаш биде фатен. На неговиот погреб имало повеќе од 15.000 луѓе.
С. С. | Црнобело