13 факти за Пабло Ескобар - имал 142 авиони за криумчарење, глувци му ги јаделе парите
Сиромашните го сметале за Робин Худ бидејќи им помагал финансиски, а властите го сметале за најголемото зло на сите времиња.
Пабло Ескобар е најбогатиот и најуспешен криминалец во историјата, а интересот за неговиот живот не сопира години и години по неговата смрт.
Сетете се само на хит серијата „Narcos“ и на низа други филмови направени за неговиот живот, како последниот „Loving Pablo“ (2017).
Неговото фасцинантно животно патување во периодот од 1970 до 1990-тите го направил еден од 7-те најбогати луѓе на светот.
На чело на Меделин нарко картелот, парите и моќта за него не биле проблем.
Факти за животот на Пабло Ескобар:
Криминални активности уште од детски години
Роден е во Рионегро, Колумбија на 1-ви декември 1949 година, како трето од 7 деца. Уште како тинејџер ја започнал својата криминална кариера.
Неговите активности биле од крадење на автомобили до фалсификување на документи и препродавање на цигари. Уште како дете имал амбиција да стане милионер и на 22 години на својата мајка ѝ кажал дека ќе биде „голем“ еден ден.
Крал на кокаинот
Името Пабло Ескобар е синоним за кокаин. Во врвот на активноста на неговиот картел Меделин, Пабло снабдувал со кокаин дури 80 проценти од глобалниот светски пазар, криумчарејќи 15 тони кокаин секој ден во Америка.
Тој станал најмоќниот човек во Колумбија со империја која вклучувала 142 авиони, 20 хеликоптери, 32 јахти и 141 вили и канцеларии наменети за тоа, плус огромен број камиони и автомобили и 2 подморници за нелегално пренесување дрога.
Еден од најбогатите луѓе на светот
Пабло бил најбогатиот криминалец во историјата со богатство проценето на 30 милијарди долари. Тој 7 години по ред се појавувал на листата на најбогати на магазинот Forbes од 1987 до 1993 година, а во 1989 бил прогласен за 7-миот најбогат човек на планетата.
Картелот заработувал неверојатни 22 милијарди долари годишно, па книговодителите на Пабло отпишувале секоја година по 10% од приходот поради тоа што глувци ги јаделе парите или ги оштетувала влага и вода таму каде што биле сокриени.
Пабло трошел месечно по 2.500 долари за гумени ластичиња за да ги врзува парите. Кога бегал, а неговата ќерка Мануела се разболела, тој изгорел 2 милиони долари за да ја стопли.
Поседувал повеќе од 800 вили
Во Колумбија ја имал хациендата Napoles со 100.000 овошни дрвја, гигантски диносауруси и зоолошка полна со слонови, жирафи и нилки коњи.
По неговата смрт нилските коњи избегале, се размножиле и прават штета до ден денес. Инаку во 2014 година овој имот на Пабло е претворен во забавен парк.
Работел како телохранител и на 26-годишна возраст станал милионер
Тој прво заработувал како рекетар и дилер на марихуана, и како телохранител и крадец.
Го добил прекарот Робин Худ
Иако, неговите дела уништувале огромен број животи, сепак дел од популацијата во Колумбија го гледала како идол затоа што тој давал милиони долари за развој на локалните заедници.
На сиромашните им давал кеш, изградил 70 спортски игралишта, зоолошка, помагал во градење на болници, цркви, паркови, училишта и обезбедувал храна и животни услови за најзагрозените. Некои Колумбијци сè уште го сметаат за светец.
Понудил да го плати националниот долг на Колумбија
Пабло велел дека попрво би умрел отколку да гние во американски затвор и плашејќи се од промена на законите за екстрадиција дури понудил да го плати националниот долг на Колумбија од 10 милијарди долари во кеш. Се разбира, бил одбиен.