Озборување, пцуење, грицкање нокти: Добрата страна на секојдневните лоши навики

Многу често зборуваме за секојдневните навики кои ги имаме, а всушност се лоши и треба да се откажеме од нив.

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki-01.jpg

Но, сепак ова мислење не го делат сите. Изненадувачки, според научниците, има некои науки, кои многумина ги сметаат за напорни, а и штетни, а се докажало спротивното.

Во продолжение, погледнете ја добрата страна на навиките кои досега сте ги сметале за штетни.

Би го промениле ли ставот за некои од нив?

Постојано вртење и играње со нешто во рацете

Тропкањето со пенкалце, тропкање со прсти по маса, и слични навики може да бидат иритирачки за околината, но всушност се корисни за вас.

Опсесивните движења, вклучувајќи и вртење на канцелариска столица, помагаат во согорување на околу 350 калории дневно.

Фиџет спинерите и анти-стрес коцките и топчиња се исто така одлични за смирување на нервите и трошење на плус калории, а ретко кому ќе сметаат.

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki02.jpg

Прескокнување на утринското туширање

По утринското туширање, ќе се чувствувате попријатно, расположено и ќе мирисате убаво, но исто така и ќе ја измиете природната заштита.

На површината на кожата и косата има корисни бактерии кои умираат во допир со сапун или шампон, па понекогаш може да го прескокнете туширањето наутро.

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki-03.jpg

Озборување

Иако е непријатна навика која на многумина им оди на нерви, сепак се смета дека 3 часа разговарање со пријателките може да ве ослободи од стресот подобро од масажа.

Активната комуникација, споделувањето тајни информации и последни новости, ги зближува луѓето и го зголемува нивото на доверба помеѓу нив.

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki-04.jpg

Благо за појадок

Ако сте од оние кои сакаат да си ја задоволат душата со нешто слатко наутро, а не знаете како да се ослободите од таа навика – не се мачете.

Истражувањата покажале дека оние кои јаделе нешто благо за појадок губеле во просек по 2 kg повеќе од оние кои целосно се држеле настрана од благото.

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki-05.jpg

Пцуење

Иако е дел од секојдневниот разговор, сепак некултурно е да се пцуе, посебно пред други луѓе.

Но, се докажало дека силните зборови во емоционални ситуации помагаат да се ослободите од стрес и болка – секако, само во одредени ситуации, а не постојано.  

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki-06.jpg

Грицкање нокти

И покрај тоа што се докажала и позитивната страна од ова, сепак важи за ужасна навика од која вреди да се откажете.

Но, добро е да знаете дека научниците докажале дека оние кои ги грицкаат ноктите имаат појак имунитет, помалку се разболуваат и помалку се склони на алергии.

Сепак, оние кои ја имаат оваа навика треба редовно да ги мијат рацете за да избегнат несакани проблеми.

ozboruvanje-psuenje-grickanje-nokti-dobrata-strana-na-sekojdnevnite-loshi-naviki-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg