„Животот почнува таму каде што завршува стравот“ - 8 лекции од провокативниот филозоф Ошо

Неговото име и смртта се обвиткани со контроверзии и мистерија, но неговото животно мото ќе ви ги отвори очите.

8-mokni-lekcii-od-provokativniot-filozof-Osho-01.jpg

„Со цел да ја избегнат болката, тие го избегнуваа задоволството. Со цел да ја избегнат смртта, тие го избегнуваа животот“.

Ошо, роден на 11 декември, 1931 година како Шандра Мохан Џаин бил индиски филозоф, мистик, гуру и духовен учител кој имал следбеници од целиот свет.

Тој бил и исклучително надарен јавен говорник кој постојано ја нагласувал важноста на медитацијата, свесноста, љубовта, славата, храброста, креативноста и хуморот.

Овие квалитети ги сметал за длабоко потиснати поради строгото придржување кон религијата и општествените норми.

Ошо бил брутално искрен, длабоко прониклив и поетичен. Директен, со многу хумор и јасни поенти, бил обожуван од многумина, а неговата смрт го остави светот посиромашен за еден духовен учител, но истовремено побогат поради неговите убави мисли.

Прочитајте малку повеќе околу неговите размислувања за животот, љубовта, слободата:

Лекција за животот

„Искусете го животот на секој можен начин: добро/лошо, слатко/горчливо, темно/светло, лете/зима. Искусете ги сите двојности. Немојте да се плашите од искуството, бидејќи колку повеќе го имате, толку повеќе созревате.

Го живеам својот живот врз основа на 2 принципи: Првиот, го живеам животот како денес да ми е последен ден на земјата. Вториот, го живеам денот како да ќе живеам бесконечно“.

Лекција за љубовта

„Доколку сакаш некој цвет, не кини го.

Бидејќи доколку го откинеш тој умира и престанува да биде тоа што го сакаш кај него.

Доколку сакаш некој цвет, остави го таков каков што е.

Љубовта не е сопственост.

Љубовта е благодарност“.

Лекција за самостојноста

„Се чувствувате добро, се чувствувате лошо и овие мисли жуборат во вашата потсвест, од вашето минато.

Никој не е одговорен за ова, освен вие. Никој не може да ве налути и никој не може да ве направи среќни“.

Лекција за уникатноста

„Никој не е супериорен, никој не е инфериорен, но никој не е ниту еднаков. Луѓето се едноставно уникатни, неспоредливи едни со други. Ти си ти, јас сум јас. Јас треба да го дадам својот потенцијал на животот, ти треба да придонесеш со сопствениот.

Јас треба да го откријам своето „јас“, ти треба да го откриеш твоето“.

Лекција за стравот

„Најголемиот страв кој владее во светот е мислењето на другите луѓе. Моментот кога повеќе не сте исплашени од толпата повеќе не сте овца, вие станувате лав.

Силен рикот расте во вашето срце, рикот на слободата“.

Лекција за самотијата

„Прекрасно е да се биде сам. Исто така, прекрасно е да се биде вљубен, да се биде со луѓе околу себе.

Овие две работи се надополнуваат една со друга, не се контрадикторни“.

Лекција за слободата

„Сакајте ја личноста, но дадете ѝ целосна слобода. Сакајте ја личноста, но од самиот почеток дадете ѝ до знаење дека вашата слобода не е за продажба“.

Лекција за мажите

„Женственоста е помоќна од машкоста, нежноста е помоќна од силата, водата е помоќна од карпата“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg