Ова не го знаевте за пуканките
Пуканките се една од најголемите зарази од која што не можете да се откачите се до последното зрно, а посебно кога гледате некој интересен филм.
Па, кога сме веќе кај нив, зошто и да не научиме нешто повеќе?
1. Зошто пченката пука? Секое зрнo содржи одредено ниво на влажност. Како што зрното се загрева, водата се претвора во пареа. Колку повеќе пареа се ствара толку поголем е притисокот врз зрното кое што на крај пука.
2. Пченката пука на температура од 175 степени Целзиусови.
3. Непукнатите пуканки се викаат ‘стари моми’. Тие не пукаат поради фактот што немаат доволно влажност во зрното или пак обвивката на зрното е оштетена.
4. Американците во текот на една година консумираат доволна количина на пуканки за да се наполни ‘Empire State Building’ 18 пати.
5. Научното име на пуканките е ’zea mays everta’ и тоа е единствениот вид на пченка кој пука.
6. Луѓето уживаат во пуканките илјадници години. Во 1948 година во Мексико пронајдени се пуканки од пред 5000 години.
7. Традиционално, домородците во Америка ги зачинувале пуканките со суви тревки, па дури и со чили.
8. Некои домородци од Америка верувале дека постои дух во секоја испукана пуканка. Духовите никогаш не ги вознемирувале луѓето, но доколку нивниот дом е многу загреан, тогаш духовите сè полути скокале наоколу се додека не ‘пукнат’.
9. Кристофер Колумбо наводно ги запознал Европјаните со пуканките во 15от век.
10. Првата машина за правење пуканки ја измислил Чарлс Креторс во Чикаго во 1885. Неговата фирма сè уште произведува машини за правење пуканки.
11. Пуканките почнале да се служат во кината во 1912 година.
12. Пуканките доаѓаат во два облици: снегулки и печурки.
13. Според Гинисовата Книга на рекорди, најголемата чинија со пуканки била широка 365cm и содржела 909kg пуканки.
Вечерва, одберете добар филм (предлог: Самрак, Замрачување) и секако една вкусна голема солена чинија пуканки!