Се оженил за првата братучетка, никогаш не носел чорапи - 25 факти за Алберт Ајнштајн
Доколку прашате кого било да ви каже име на еден физичар, можете да бидете сигурни дека сите ќе го кажат името на Алберт Ајнштајн. Тој го промени начинот на којшто гледаме на светот и помогна во освојување на универзумот.
Прочитајте ги следните 25 факти за научникот-легенда, Алберт Ајнштајн, со цел да се приближите кон неговиот култен лик и дело:
1. Кога се родил, мајка му на Ајнштајн била уплашена бидејќи тој имал абнормално голема глава. Се разбира, потоа со текoт на времето главата на малото бебе Алберт добила нормална големина.
2. Во споредба со нормалниот мозок, делот од мозокот на Ајнштајн којшто е задолжен за сензорни информации бил за 15% поголем од просечниот човечки мозок.
3. Ајнштајн, како и сите други генијалци, имал свои необични навики. Така тој никогаш не носел чорапи, бидејќи ги сметал за бескорисни.
4. Ајнштајн ја сакал виолината и тврдел дека доколку не станел научник ќе станел музичар, бидејќи својот живот можел да си го замисли само како музичар.
5. Ајнштајн, парите од Нобеловата награда, во целост ѝ ги исплатил на својата жена Милева, во тоа време 32.250 долари, што било многу повеќе од професорските плати тогаш.
6. Тој се оженил по втор пат со својата роднина, Елса, која всушност била негова прва братучетка, дури и нејзиното средно име било Ајнштајн.
7. Алберт ја добил Нобеловата награда во 1921 година, за откривањето на законот за фотоелектричниот ефект и неговата работа во теоретската физика.
8. Првиот брак на Ајнштајн со мајката на неговото дете, Милева Мариќ, траел 16 години и бил склучен со договор којшто имал членови и услови, а еден од тие бил и примањето на „3 оброци на ден во неговата соба“.
9. Тој е роден на 14 март во 1879 година во Улм, Германија. Во текот на својот живот се водел и како Германец, Австриец, Американец и Швајцарец, па дури и човек без државјанство.
10. Во текот на своите седумдесети години од животот, фокусот на Алберт Ајнштајн бил на еден депресивен папагал, кому секојдневно му кажувал шеги со цел да го направи помалку депресивен.
11. Уште рано во својот живот, тој ги евалуирал патентите за електромагнетни направи додека работел во канцеларија за заштита на патенти.
12. Виолината на Ајнштајн се викала Лина.
13. Ајнштајн имал многу лоша меморија, често пати заборавал имиња, лица и датуми.
14. ФБИ имала документација од 1.427 страници за поврзаноста на Алберт Ајнштајн со пацифисти и социјалисти.
15. Џеј Едгар Хувер, директорот на ФБИ, се обидел да го задржи Ајнштајн надвор од САД, но неговата желба била спречена од Стејт Департментот на САД.
16. При крајот на неговиот живот, во 1952, на познатиот физичар му било понудено да биде претседател на Израел, но тој бидејќи бил пацифист, одбил.
17. Иако сите го памтиме по неговата работа на полето на релативноста, сепак Нобеловата награда е за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
18. Очите на Ајнштајн се наоѓаат во кутија закопана на безбедно во Њујорк, бидејќи по смртта му биле дадени на познатиот очен доктор и научник, Хенри Адамс.
19. Брчките и очите на Ајнштајн се појавуваат во серијалот „Војна на ѕвездите“ како инспирација за маската за лицето на Јода.
20. Ајнштајн обожувал да пуши. Тој пушел од луле и тврдел дека пушењето помага да се смири и да се фокусира.
21. Слично како и Шелдон Купер од „The Big Bang Theory“, така и Алберт Ајнштајн одбивал да научи да вози.
22. Во еден период од својот живот, Ајнштајн држел часови за млади студенти, бидејќи неговата финансиска ситуација била многу лоша.
23. Од 1913 до 1933 година, Ајнштајн бил директор на Кајзер Вилхелм институтот за физика.
24. Ајнштајн синдромот е состојба на одложен говор кај надарените личности. Овој синдром е откриен од д-р Томас Совел.
25. Ајнштајн го совладал диференцијалното и интегралното сметање уште на 15-годишна возраст.
Без разлика на тоа што го мислиме за Ајнштајн, дали бил лудак или гениј, сепак сите мораме да ја признаеме неговата брилијантност и да се заблагодариме за неговите научни достигнувања.
(О)Милена | Црнобело