Одбива да ја види биолошката ќерка, имал ужасна насмевка: 11 тајни за Том Круз
Тој воопшто не е заинтересиран за неговата биолошка ќерка Сури од бракот со Кејти Холмс.
Том Круз е една од најтаинствените познати личности. Актерот, кој со години доминира на филмското платно, е скржав за детали од неговата приватност.
Неговото име во текот на години се поврзуваше со голем број на скандали.
Факти за животот на Том Круз:
Неговите деца со Никола Кидман го избраа него, а не нивната мајка
Актерите се венчаа во 1990 година и потоа посвоија две дечиња, но се разведоа во 2001, а децата избраа да живеат со Том.
Том полуде по скиентологијата
Кога Том го славеше 42-от роденден сите очекуваа огромна забава, но не и Скиентолошката црква да му ја организира.
Тој е комплетно предаден на оваа мистериозна идеологија, за која се врзуваат многу контроверзии.
Изгледа како најголем романтичар
Се сеќавате на објавата дека Том се состанува со младата актерка Кејт Холмс во 2005 година во шоуто на Опра Винфри кога тој скокаше по креветот од среќа?
Однесувањето на актерот не изгледаше нормално и фановите се прашуваа што се крие позади тоа.
Филмските сцени со првата сопруга му беа многу интензивни
Луѓето се воодушевуваа на хемијата на Никол и Том во нивниот филм „Far and Away“ и се изненадија од експлицитните љубовни сцени во „Eyes Wide Shut“.
Немал отсекогаш совршена насмевка
Кога ја започна кариерата, Том изгледаше сосема поинаку. Една од најголемите мани му беше насмевката.
Сега тој е едно од најсовршените холивудски лица.
Сите мора да се прилагодуваат на неговата висина
Режисерите сакаат да ги прикажат актерите во нивното најдобро издание. Неговата висина од 170 сантиметри често му причинува главоболки на снимањата.
Така на сетот на „Interview With A Vampire“ Бред Пит морал да стои во дупка ископана за да биде понизок, а Том да носи чевли на платформа за да не се забележи разликата во нивната висина.