Финска го пие најмногу, жените го преработуваат побрзо од мажите - 20 интересни факти за кофеинот

Дали сте од оние кои не може да го започнат денот без кофеин? Доколку сте тип на човек кој станал на „лева нога“ само затоа што немал време да се напие кафе, не сте единствените.

20-interesni-fakti-za-kofeinot-01.jpg

Прочитајте неколку интересни факти за кофеинот:

 1. 10 до 20 gr кофеин може да ве убијат. Сепак, за да се случи ова ќе треба да испиете 17,7 l кафе.

 2. Поиспеченото кафе содржи повеќе кофеин отколку помалку испеченото. Процесот на печење на зрната го намалува кофеинот.

 3. Зборот кофеин потекнува од германскиот збор Kafee (кафе).

 4. Сензитивноста на кофеин е најчесто генетски наследна.

 5. Некои цвеќиња во нектарот содржат мали количества кофеин. Овој вид на нектар предизвикува ефект на издрогираност кај пчелите што ги одвраќа од собирање полен.

 6. Војниците за време на Првата и Втората светска војна консумирале кофеински таблети со цел да го победат уморот.

 7. Дневното консумирање на кофеин изнесува од 200-300 mg. Секое надминување на препорачаната доза предизвикува несоница, нервоза и зголемен крвен притисок.

 8. Во светски рамки, дури 90% од возрасната популација консумира кофеин преку различни видови на кафиња.

 9. Финска консумира најмногу кафе во светот, со околу 400 mg дневно во просек по лице. Следуваат Шведска, Данска, Норвешка, Белгија, Холандија, Германија. Со еден збор, Скандинавците се најголемите зависници од кафе.

10. Женскиот организам го преработува кофеинот 25% побрзо отколку машкиот.

20-interesni-fakti-za-kofeinot-02.jpg

11. Медицинското име за кофеин е 1,3,7-триметилксантин (1,3, 7-trimethylxanthine).

12. Во 1732 година германскиот композитор Јохан Себастијан Бах ја компонирал Coffee Cantata, кантата која го славела задоволството од консумирањето кафе во животот на една млада невеста. Во тоа време кафето им било забрането на жените кои требало да раѓаат наскоро, бидејќи се сметало дека предизвикува неплодност.

13. Кафето е диуретик, па не се чудете зошто толку често одите во тоалетот доколку обожавате да го пиете.

14. Чистиот кофеин е горчлив и високо токсичен бел прав.

15. Дејството на кофеинот започнува 15-20 минути по неговата консумација. Ефектот вообичаено трае од 8-14 часови, во зависност од полот на личноста, возраста, тежината, па дури и расата.

16. Покрај кафето и чајот, постојат уште 60 други видови на билки кои содржат кофеин.

17. 2 шолји кафе дневно може да го подобрат сексуалниот живот на мажите, но придобивките се намалуваат драстично со надминување на оваа препорачана доза.

18. Кофеинот е најмногу употребуваниот „порок“ во светот. Алкохолот е на второто место, а никотинот на третото.

19. Истражувањата покажале дека оние коишто пијат најмалку 1 шолја кафе дневно се 20-30% помалку склони кон самоубиство, а оние кои пијат помалку од една шолја или пак не го пијат воопшто имаат 36% зголемени шанси за самоубивање.

20. Пиењето кафе со текот на времето го менува хемискиот процес во мозокот, така што личноста е принудена да испие малку поголема количина за да го постигне истиот ефект како некогаш.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...
Има помалку од 2.000 жители, книги се продаваат насекаде и за 1 фунта: Интересни факти за првиот „гр... Љубителите на книги без сомнение ќе уживаат во бајковитиот град Хеј-он-Вај каде ...
8 инспиративни цитати од светски шампиони: „Златните медали не се направени од злато туку од пот и и... „Можам да живеам со поразот. Но не можам да се помирам со фактот да се откажам п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg