Основачот на Адидас бил нацист - 7 вистини кои се кријат зад најголемите брендови
Дали понекогаш сте се запрашале како најголемите брендови на денешницата ги добиле своите имиња? Зошто компанијата Apple носи име на овошје?
Можно ли е иноваторот на Левис воопшто да не носел фармерки?
Подготвени ли сте да ги откриете 7-те вистини кои се кријат зад секој од овие успешни брендови?
Најголемиот глобален пребарувач на денешницата во одреден момент се нарекувал „Backrub“. Подоцна решиле да му го дадат името „Googol“ како бројот 10100, но пермутацијата на буквите го дале името кое на сите нам ни е добро познато.
Adidas
Адолф Даслер, основачот на Адидас според кој брендот го добил и името, бил познат не само по својата омраза кон својот брат Руди Даслер (основачот на Пума), туку и по фактот што генерално ги мразел луѓето, односно бил голем мизантроп.
Адолф бил истакнат член на нацистичката партија која ѝ помагала на армијата на Хитлер со снабдување на оружје.
Apple
Основачот на Apple, Стив Џобс повремено држел диета само со овошје, а во одредени периоди работел и во јаболкови овоштарници.
Двете работи придонеле да ја крсти својата компанија со едноставен назив како целосна спротивност на иновативните комплексни машини.
IKEA
Како најпознатиот шведски бренд го добил своето име?
Започнува со иницијалите на основачот Ingvar Kamprad кој пораснал на фармата Elmtaryd (денес позната како Älmtaryd), која пак се наоѓала во непосредна близина на селото Agunnaryd.
Levi’s
Леви Штраус можеби го смислил дизајнот на фармерките без кои не можеме да си го замислиме животот денес, но човекот бил аристократ кој одбивал да го носи сопствениот производ.
Фармерките, според него, биле наменети за работничката класа, не за господа.
Sephora
Името на познатиот дрогериски синџир е кованица од грчкиот збор Sephos што значи убавина и жената на Мојсеј, Зипора (ориг. Zipporah), која била исклучително прекрасна.
DropBox
Дру Хјустон бил студент на МИТ Универзитетот во Бостон кој секогаш си го заборавал својот УСБ стик кога требало да префрли нешто. Така дошол до идејата да ја основа виртуелната DropBox платформа за сите заборавени како него.
(О)Милена | Црнобело