Парадоксални факти за светот во кои ќе ви биде тешко веднаш да поверувате
Живееме во свет во кој секојдневно дознаваме нови информации кои сè повеќе успеваат да нè изненадат.
И кога мислите дека сте слушнале нешто најчудно, ќе прочитате дека античките Римјани си ги четкале забите со урина...
И тогаш, сфаќате дека светот е полн со изненадувања и можеме да учиме нови работи за него секој ден до крајот на животот.
Па, доколку ве интересираат слични парадоксални факти, прочитајте во продолжение:
Античките Римјани користеле урина за миење на устата
Покрај фактот дека урината се користела за перење облека, постои и факт дека античките Римјани, заради здравствени цели ја користеле и како паста за заби.
Наводно, урината ги правела забите бели, мазни и сјајни – зарем е возможно ова?!
Повеќе од 90% од банкнотите на САД содржат траги од кокаин
Овој факт значи дека повеќето од банкнотите во САД прошле низ рацете на дилери и корисници на дрога.
Научниците веруваат дека поголемата количина на нив е заради тоа што банкнотите се користат како цевка при употребата на наркотици, како и при размената на пари при продажбата.
Овие истражувања се направени со различни валути, а најголем процент имало во САД и Канада, додека најнизок во Кина и Јапонија (12-20%)
Удар од гром може да направи белег на телото засекогаш
После струен удар на човечкото тело се појавуваат траги во вид на молња, кои со тек на време избледуваат, но не исчезнуваат.
На дното на океаните има тони злато
На дното на океаните се крие злато во огромни количини. Металот паѓа на дното од бродовите кои понекогаш носат злато преку океан, а и многу патници го губат нивниот сопствен накит. Секако, бродовите често и тонат, па океанот крие големо богатство на дното.
Цигарите се користеле како средство за против лош здив
Во 16-ти век, европски доктори препорачувале пушење цигари со цел да се отстрани лошиот мирис од устата.
Тутунот во тоа време, исто така се користел како лек за многу работи, како мигрена, болка во заб, зглобови и други нарушувања.
Со тек на време, овие магични својства на тутунот исчезнале, а научниците докажале дека се штетни.
Поголемиот дел кислород доаѓа од океанот, а не од дрвјата
Шумите се сметаат за бели дробови н а планетата, но всушност поголем дел од кислородот се создава од океанот.
Проценета е вредноста на Земјата
Астрофизичар создал формула по која може да се пресмета вредноста на планетата Земја, калкулирајќи го збирот од староста на планетата, големината, температурата, тежината и други статистики.
Според пресметките, Земјата чини 5 кватрилиони долари, а Марс во тој период чинела 14.000 долари.
Големината на рацете и нозете на мажот нема никаква врска со либидото
Некои истражувања ги поврзале големината на прстите на рацете со нивото на тестостерон во крвта на мажот.
Но сепак, изгледа дека тоа нема никаква врска со неговото либидо, туку е поврзана со машкоста и нивното достоинство.
М. М. | Црнобело