12 руски народни поговорки: „Додека парите говорат, вистината молчи“
Да престанеме да клеветиме и да гледаме низ призмата на парите и да го смениме мислењето дека грижата за себе е кукавичлук.
Народните поговорки содржат голема животна мудрост.
Тие нè советуваат да не подлегнеме на диктатот на парите, да не очекуваме ништо за возврат кога правиме услуги и да сфатиме дека за кршливата љубов едноставно не вреди да се бориме.
Некои руски народни поговорки:
- „Поранешниот пријател е полош од непријателот.“
- „Не фрлај кал во бунарот од кој некогаш си пиел.“
- „Богатиот во тепачка се труди да го сочува лицето, а сиромавиот капутот.“
- „Не е вредна таа љубов, што од првиот удар се руши.“
- „Не е зајакот кукавица, туку се чува себеси.“
- „Човековата злоба доаѓа од немоќта.“
- „Пријателството прекинува таму каде што почнува лагата.“
- „Чистата тага е исто толку невозможна, како и чистата среќа.“
- „Додека парите говорат, вистината молчи.“
- „Ако при секоја услуга што му ја правиш на пријателот мислиш на благодарноста, тогаш не си дарувал, туку си продал.“
- „Клеветата е како јаглен – ќе те остави со нечисти раце и ќе те изгори.“
- „Тајната на среќата не е во тоа да го работиме што го сакаме, туку да го сакаме тоа што го работиме.“
С. С. | Црнобело