Некои луѓе немаат папок, тој е ерогена зона: 13 интригантни факти за папокот
Дали сте знаеле дека супермоделот Каролина Куркова нема папок, дека делфините имаат и дека пирсингот на папокот најбавно закрепнува?
Папокот е навистина интригантен тел од човековото тело, некои луѓе сосема го запоставуваат, додека други го сметаат за фетиш.
Како и да е, тој нè потсетува на нашите предци и на поврзаноста со мајката.
Интригантни факти за папокот кои можеби не сте ги знаеле:
Чудно, но некои луѓе немаат папок
Иако, речиси сите луѓе имаат папок има и исклучоци, како што е моделот Каролина Куркова. Таа има редок деформитет (umbilical hernia).
Во ваквата состојба, цревата на новороденчето ѕиркаат низ цревниот ѕид, со што се бара хируршка интервенција и бебето останува без папок.
Некои цицачи, исто така, немаат папок
По биологија учиме дека сите цицачи имаат папок, но во природата не е така. Некои цицачи, како што се кенгурите, немаат.
Делфините имаат папок
Иако се суштества од морето, тие сепак се цицачи, па имаат папок.
Технички, папокот е една од нашите први лузни
Папок, без разлика колку добро и да изгледа, технички е лузна.
Таа се формира кога папочната врвца, преку која бебето се храни во внатрешноста на матката, се сече и е врзано по раѓањето.
Секој папок е уникатен
Има толку многу различни видови на бактерии во нашиот папок што кај секој човек има различен состав. Околу 2.400 различни видови бактерии кои живеат во папокот се откриени.
На пример кај еден човек на стомакот била пронајдена бактерија, која претходно била откриена само во примероци од почвата од Јапонија, иако лицето никогаш не ја посетило Јапонија.
Повеќето бебиња имаат издаден папок
Иако, кај повеќето бебиња на почетокот папокот е издаден, тој се менува како растат и само 10% од луѓето имаат ваков папок кога ќе станат возрасни.
За време на бременоста кај некои жени папок станува издаден
Стомакот на бремените жени се шири за да се приспособи на фетусот што расте и папокот може да стане издаден.
По раѓањето тој се враќа во својата првобитна форма.