Бебињата се смеат за да им возвратите: Изненадувачки факти за обични работи од секојдневието
Има многу работи кои во светот се случуваат секојдневно и се сосема нормални, а за кои ние никогаш не сме слушнале и можеби не би верувале.
Тие се секојдневие кое не опколува, но ние никогаш не сме размислувале за тоа.
Па, доколку ве интересираат општи факти за животот, светот, земјите и начинот на кои некои работи се одвиваат, прочитајте нешто ново во продолжение.
Факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања:
1. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија. Постојат камили и во Арабија, но тие се користат само за забава на туристите и за транспорт. За кулинарски цели, преферираат австралиски.
2. До 1800-та година, околу 43% од населението во светот, не живеело подолго од 5 години.
3. Научниците откриле дека нилскиот коњ и китот имаат сличен предок кој живеел пред 50 милиони години. Затоа може да се каже дека тие се во далечно сродство.
4. Во 19-ти век, во Англија мажите користеле посебно масло кое спречувало паѓање на косата. Па, бидејќи било многу популарно, жените во домаќинството почнале да ги покриваат задните делови на гарнитурите со салфетки за да спречат масни дамки.
Оттогаш, тие се користат и на задниот дел на столчињата во автобуси, авиони, возови и други рпевозни средства.
5. Ако човек изеде црн дроб на поларна мечка, постои голема веројатност дека ќе умре. Црниот дроб содржи премногу витамин А, што во таа количина предизвикува предозираност со витамин и можно труење.
6. Истражувањата покажале дека бебињата се смеат многу свесно и го прават тоа кога гледаат дека родителите се подготвени да му возвратат со насмевка.
Сакаат да гледаат во насмевката на родителите, бидејќи знаат дека ја постигнале таа насмевка со сопствената.
7. Авионите се обоени во бела боја, бидејќи на неа полесно може да се забележат недостатоци – дамки од масло или пукнатини, на пример. Втората причина е бидејќи оваа боја спречува загревање.
Секоја друга боја ќе ја апсорбира сончевата топлина и ќе доведе до загревање на авионот.
8. На влезот на големи згради и хотели, има ротирачки врати, а причината е едноставна. Отворањето на врата на туркање или на лизгање, предизвикува значителни промени во температурата на просторијата.
Со ротирачките врати овој проблем не се појавува бидејќи вратите се секогаш затворени од крај до крај и студот или топлината од надвор не влегуваат.
9. Во 1830-ите, кечапот се продавал како лек против дијареа, реума и егзема. Ликопенот кој се состои во доматите е многу корисен за телото, но не помага за секој проблем.
Денес може да се најде во аптеките во вид на таблети.
М. М. | Црнобело