Прескокнала одделение како надарен ученик: 16 интересни факти за Мишел Обама
„Секоја лузна што ја имаш не е само потсетник што ве повредило, туку и потсетник дека сте преживеале“, Мишел Обама.
Во една пригода Мишел Обама изјави: „Успехот не е во тоа колку пари ќе заработите, туку е во промената што ќе ја направите во животите на луѓето“.
Само еден цитат од неа кажува доволно зошто луѓето ширум светот ја обожаваат некогашната прва дама. Совршена сопруга, мајка, кариеристка и што уште не.
Некои интересни факти за Мишел Обама:
- Има брат Крег, постар 21 месец од неа, па во детството луѓето мислеле дека се близнаци.
- Родена е во Чикаго во скромно семејство во еднособен стан. Мишел и Крег спиеле во дневната соба.
- До 4-годишна возраст мајка ѝ ја научила да чита и да пишува, па во основно училиште била многу понапредна од врсниците и го прескокнала второто одделение. Во шесто одделение ја сместиле во групата на напредни деца.
- Во едно интервју Мишел откри дека кога некој се сомнева во нејзината способност таа е уште поинспирирана да ја оствари целта.
- Дипломирала на универзитетот Принстон со одличен просек, а потоа и на Харвард.
- Првото работно место и било како правник во адвокатска канцеларија.
- На првиот состанок со Барак Обама го гледале филмот „Do The Right Thing“.
- По две години врска, Барак Обама, кој бил стажист во компанијата каде таа работела, ја запросил, а се венчале во 1992 година.
- Првиот свадбен танц им бил на песната „Unforgettable“.
- Во 1998 ја добиле првата ќерка Малиа, а во 2001 прва втората Саша. Таа имала само 7 години кога татко ѝ стана претседател.
- Таа се откажа од плата со шест цифри за да го поддржи сопругот во претседателската кампања и реализирањето на неговите соништа.
- Мишел постојано е дел од кампањи за помош на загрозените групи и не се плаши и да ги засука ракавите и да приготви храна за бездомниците.
- Кога се всели во Белата куќа таа направи мала градина за нејзиното семејство да јаде здрава, органска храна.
- Додека ја извршуваше улогата на прва дама стана модна икона и идол на многу жени во светот.
- Пријателите за нејзиниот начин на вежбање велат дека е многу напорен и ја нарекуваат жена гладијатор.
- Во многу пригоди Барак Обама изјави дека Мишел е неговата карпа и најголема поддршка.
С. С. | Црнобело