13 интересни факти за Саудиска Арабија
Жителите на оваа држава се многу религиозни, а на свадбените прослави мажите и жените се посебно.
Кралството Саудиска Арабија, кое се наоѓа во Азија, со своите строги религиозни закони и огромната површина пустински делови, отсекогаш предизвикувало љубопитност кај остатокот од светот.
Некои интересни факти за оваа држава:
- Саудиска Арабија е најголемата држава во светот без река.
- Според смртноста во сообраќајот, таа е најопасна држава за возење заедно со Малезија, Тајланд и Јужна Африка.
- Пазарот за камили Riyadh е еден од најголемите во светот и се продаваат и по 100 камили на ден.
- Првите кафулиња биле отворени во средината на 15-тиот век во Мека. Според строгите закони на Исламот кафето е забрането бидејќи е стимуланс, но многумина таму го консумираат. Како замена дури џвакаат и зрна кафе додека се во џамија.
- 15 од 19-те обвинети за терористичкиот напад на 11 септември во Америка се од Саудиска Арабија.
- Свадбените прослави за мажите и жените се одржуваат посебно. Но, во одреден миг на свеченоста младоженецот и невестата се спојуваат.
- Таа е е меѓу последните монархии на светот и семејството Ал Сауд што владее со неа е на власт од 1932 година.
- Кралот на Саудиска Арабија е 8-миот најмоќен човек на светот според магазинот Forbes.
- Имигрантите сочинуваат повеќе од 30 проценти од населението на Саудиска Арабија.
- Месото од бебето камила е најценето.
- Тие што не се муслимани немаат право на државјанство.
- Саудиска Арабија е центар на Исламот и таму се неговите најсвети места Мека и Медина.
- Повеќе од 95 проценти од површината на земјата е пустина или предели со полу-сушни услови. Таму се наоѓа и најголемата пустина на светот Ал Нафуд.
С. С. | Црнобело