Медуза место гел за коса: Фасцинантни факти од минатото што не ги учиме по историја

Штом почувствувате главоболка ја отворате фиоката со лекарства, но во минатото „лекот“ бил навистина бизарен.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-01.jpg

Светот доживеа огромен напредок со текот на годините.

Сега имаме развиена медицина, индустрија и начини на функционирање во сите области, но ситуацијата во минатото била сосема поинаква.

Фасцинантни факти што не ги учиме по историја:

Копчињата на облеката како „лек“ за некултурата

Копчињата на ракавите од кошулите се изум на Наполеон Бонапарта за војниците да не го бришат носот од ракавот за време на настинки.

Денес тие служат како декорација.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-07.jpg

Мравки за „шиење“ на рани

Индијанците се познати како силни и независни луѓе. Тие биле толку силни што ги „шиеле“ раните со помош на опасните мравки „soldiers ants“.

Овие инсекти ги грабале краевите на раната и не дозволувале таа да се шири.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-02.jpg

Јаже како лек за главоболка

Во минатото кога медицината не била развиена најпопуларен „лек“ за главоболка било да ставите јаже околу главата со кое претходно некој криминалец бил обесен.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-03.jpg

Медузата како гел за коса

Во минатото јапонската култура промовирала носење на долга, црна коса залижана наназад.

Гелот за коса сè уште не бил измислен, па инвентивните Јапонци фаќале мали медузи и ги триеле од косата за да си направат фризура.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-04.jpg

Рекордна температура на телото

Во 1980 година била измерена рекордна телесна температура кај Вил Џонс од Атланта.

Тој имал дури 46.5 Целзиусови степени.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-05.jpg

Смртоносно тестирање

Во 1920 година оклопите за тело биле тестирани на личности. Еден од среќниците што преживеал и тоа два куршума во градите бил полицискиот инспектор Марфи.

Сведок на настанот изјавил дека Марфи не ни трепнал за време на тестирањето.

meduza-mesto-gel-za-kosa-fascinantni-fakti-od-minatoto-shto-ne-gi-uchime-po-istorija-06.jpg

Но, постојат и фасцинантни историски предвидувања што навистина се исполнија, прочитајте ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg