13 народни поговорки: „Злото брзо доаѓа, но бавно си оди“
„Чесниот човек помалку ветува отколку што ќе направи“ и уште 12 други мудри народни поговорки.
Народните поговорки со својата мудрост понекогаш можат да ви дадат вистинска утеха.
Животот е полесен кога ќе сфатите дека злото кај сите брзо доаѓа, а бавно си оди и дека едноставно е невозможно да му угодите на целиот свет, без разлика колку се трудите.
Мудри народни поговорки:
- „Ако го почитуваш другиот, за себе не грижи се.“
- „Ако не почнеш, нема ниту да завршиш.“
- „Ако сакаш да изгубиш пријател, позајми му пари.“
- „Ако долго живеат заедно, животните се засакуваат, а луѓето се замразуваат.“
- „Ако не можеш да му помогнеш, не му одмагај.“
- „Гладниот не го теши, туку нахрани го.“
- „Држи се до новиот пат и стариот пријател.“
- „На жената оружје ѝ е јазикот.“
- „Злото брзо доаѓа, но бавно си оди.“
- „И еден непријател е многу, а сто пријатели се малку.“
- „Чесниот човек помалку ветува отколку што ќе направи.“
- „Не можеш да му угодиш на целиот свет.“
- „Прави добро и на добро надевај се, прави лошо и на уште полошо надевај се.“
С. С. | Црнобело