Во новата година правете грешки какви што не направил никој претходно
Ви посакаа здравје, љубов, пари, многу среќа, успех во работата и сите папагалски изрецитирани празнични желби кои се повторуваат од година в година?
Англискиот писател, ексцентричниот Нил Гејман има да ви посака нешто поинакво.
Авторот на „Океан на крајот на патот“ и „Американски богови“ поттикнува на храброст и правење грешки – бидејќи од нив се учи најдобро.
Што би биле ние без нашите грешки? Дефинитивно не оние кои сме денес. Со цел да го постигнете максимумот од животот, не плашете се од предизвици, грешки или неуспеси.
Тие се доказ дека сме се обиделе, сме дале сè од себе, сме живееле.
Нека оваа 2018-та година не претставува исклучок:
„Се надевам дека во годината којашто доаѓа ќе правите грешки.
Бидејќи ако правите грешки, вие правите нови работи, учите, живеете, се буткате себеси напред, се менувате, го менувате својот свет.
Правите работи кои не сте ги правеле никогаш досега и многу поважно–вие правите НЕШТО.
Тоа е мојата желба за тебе, за сите нас и желбата за себе.
Правете нови грешки. Правете величествени неверојатни грешки. Правете грешки какви што не направил никој претходно.
Не скаменувајте се, не запирајте, не грижете се дека не е доволно добро или совршено, во врска со што и да е: уметност, или љубов, или работа или семејство или животот.
Што и да ве плаши, направете го тоа.
Правете ги своите грешки, следната година и засекогаш“.
(О)Милена | Црнобело