Моќна порака до жените од писателот Робин Шарма: „Ти си кралица“

Робин Шарма ве советува да не обрнувате внимание на љубоморните луѓе и да го прегрнете светот.

mokjna-poraka-do-zenite-od-pisatelot-robin-sharma-ti-si-kralica-01.jpeg

Еден од најценетите писатели на светот Робин Шарма испраќа моќна порака до жените.

mokjna-poraka-do-zenite-od-pisatelot-robin-sharma-ti-si-kralica-02.jpg

Тој ја мотивира секоја жена да блесне со сиот свој сјај и да го живее животот со полн здив.

Тоа што си денес овде, не е случајност. Постои причина зошто го читаш ова. Ти си кралица. Владетелка со бескраен потенцијал во тебе.

Можеби тешкиот живот те натера да заборавиш на својата сила. Тагата од неостварените соништа можеби ја загуши твојата страст и твојата верба. Стрелите на љубоморните критичари можеби те натераа да ја заробиш хероината во себе.

Но, те молам знај – овој ден е нова можност. Чудо кое чека да се случи. Овој миг е прекрасен дар. Оваа минута претставува празно платно на бескрајни и неверојатни можности... Повторно да завладееш со кралството кое ти припаѓа. Да освоиш големи нови земји, чувства, смелост и човечност.

Тоа што си денес овде не е случајност. Постои причини зошто го читаш ова. Длабоко во тебе лежи подготвеноста да ги отфрлиш оковите од минатите искуства, да се воздигнеш и да го промениш погледот на остатокот од својот живот. Стани! Прегрни го своето право на единствената величественост која светот ја очекува од тебе.

Биди светло! Воочи ја убавината на иднината која можеш да ја реализираш со вистински начин на размислување, говор, однесување и создавање. Секоја минута од овој ден кој ти е дарен, ако си упорна и доследна, ќе биде почеток на твојот нов живот. Заслужуваш да бидеш свесна за својата големина.

Оттргни се од својот сегашен живот и појди кон животот кој чека да го спознаеш, јас ќе го гледам твојот сјај. Затоа што тоа е тоа што го правам јас. А цел свет ќе ја пофали твојата храброст.

Ти испраќам љубов и има бескрајна доверба во твојот сјај.

Робин

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg