12 брилијантни мисли од Алберт Ајнштајн

Сметан за еден од највлијателните физичари на 20 век, Алберт Ајнштајн е еден од најпопуларните научници на модерната наука. Иако повеќето од нас го знаеме по Теоријата на релативност, тој всушност не ја добил Нобеловата награда за таа теорија.

12-brilijantni-misli-od-albert-ajnstajn-01.jpg

Постојат многу интересни факти за овој научник. Дознајте повеќе за Ајнштајн преку овие 12 брилијанти мисли кои откриваат многу за неговиот карактер:

1. За недостигот на талент

„Немам посебни таленти, само сум страсно љубопитен.“

2. За неговиот животен парадокс

„За да ме казни за мојот презир кон авторитет, судбината ме направи мене авторитет.“

3. За војната

„Не можете истовремено да ја спречите војната и да се подготвите за војна. Самото спречување на војната бара многу верба, храброст и одлучност што се потребни за да се подготвите за војна.“

4. Кога бил прашан дали се смета за Германец или Евреин

„Јас се гледам себеси како човек. Национализмот е бескорисна болест. Таа е сипаница на човештвото.“

5. За неговата слава

„Култот на избрани личности по мене е неоправдан. Природата ги дели своите дарови различно на сите деца. Но, има некои кои се посебно надарени, благодарение на Бог, и сигурен сум дека многу од нив живеат тивки животи.
За мене не е фер и воопшто не ми е вкусно, што мал број на луѓе се селектирани и безгранично восхитувани, им се придаваат моќи кои приликуваат на суперхеројски.
Тоа беше и моја судбина и разликата помеѓу мојата проценета моќ и достигнување и реалноста е едноставно гротескна.“

6. За преживувањето

„Одлично ми оди, со оглед на тоа што триумфално го преживеав нацизмот и двете сопруги.“

7. За едукацијата

„Школството ме разочара, а и јас него. Ми беше здодевно. Наставниците се однесуваа како наредници. Сакав да го учам тоа што сакав да го знам, но тие сакаа да учам она што ќе го има во тестот.
Она што најмногу го мразев беше натпреварувачкиот систем посебно во спортот. Поради тоа јас не вредев доволно и многупати дури ми кажаа и да се откажам и да го напуштам училиштето.
Ова беше во католичко училиште во Минхен. Чувствував дека мојата жед за знаење е задушена од моите наставници, оценките беа нивен инструмент за мерење. Како можат наставниците да ги разберат младите со ваков систем?“

8. За други кариерни можности

„Да не бев физичар, најверојатно би бил музичар. Често мислам на музика. Секојдневно сонувам за музика. Го гледам мојот живот во смисла на музиката. Не можам да кажам дали би бил доволно креативен или важен во музиката, но знам дека би бил многу среќен во животот со една виолина.“

9. За значењето на животот

„Што е значењето на човечкиот живот или органскиот живот и се заедно? За да одговорам на ова прашање морам да ја употребам религијата. Човекот кој го смета сопствениот живот или оној на неговиот близок за безначаен не само што е несреќен туку е и дисквалификуван од животот.“

10. За читањето

„Читањето после одредена возраст го пренасочува умот премногу од своите креативни стремежи. Секој човек кој чита премногу запаѓа во мрзлива навика на мислење. Исто како што човекот кој поминува многу време во театар е во искушение да живее во фантазија, наместо да го живее сопствениот живот.“

11. За религијата

„Најубавото нешто кое можеме да го искусиме е мистериозноста. Таа е извор на вистинската уметност и на науката. Оној за кого оваа емоција е странец, кој повеќе не е способен да застане, да се запраша и да се вчудовиди од мислата, е исто како да е мртов. Неговите очи се затворени. Овој увид во мистериозноста на животот, заедно со стравот ја воздигнаа религијата.
Да знаеме дека она што е недостижно за нас навистина постои и се манифестира како најголемата мудрост што постои и најсветлата убавина која нашата досадна ментална способност може да ја разбере само во нејзината примитивна форма е центарот на религијата. На овој начин и само на овој начин, јас спаѓам во групата на побожни, религиозни луѓе.“

12. За осаменоста

„Јас навистина сум осамен патник, никогаш не сум припаѓал на мојата земја, на мојот дом, на моите пријатели, на моето блиско семејство, со целото мое срце. И покрај сето ова, никогаш не сум ја изгубил смислата за далечина и потребата за осаменост.“

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg