При трансплантација на бубрег, вашите два остануваат и добивате трет - 13 чудни, но вистинити факти
Дали сте знаеле дека во Колумбија постои шарена река, исеченицата од хартија боли повеќе од исеченицата од нож, а кокошката е потомок на диносаурус?
Сите ние сакаме да откриваме нешто ново, необично и неочекувано. Сепак, ретко размислуваме колку интересни работи има околу нас што не ги забележуваме.
Еве неколку необични факти кои најверојатно не сте ги знаеле претходно:
Кинезите не можат да пијат млеко. Повеќето од нив се интолерантни на лактоза, па затоа пиењето на одредени количини млеко може да им предизвика проблеми.
Според статистиките, 1,6% од луѓето можат да почувствуваат болка кога гледаат дека некој друг чувствува болка.
Кога на пациент ќе му трансплантираат бубрег од друга личност, неговите бубрези остануваат на местото каде што биле. Така што ако ви трансплантираат бубрег, заедно со вашите два, ќе имате три.
Во Норвешка, има кралски пингвин што има ранг во армијата. Според гардистите, пингвинот секогаш ги препознава и е среќен што ги гледа.
Во Швајцарија, постои закон со кој се забранува да се чува само едно морско прасе како миленик.
Во Јапонија, има ракови со страшна шара на школката која изгледа како луто лице.
Луѓето со сини очи се појавиле многу подоцна од измислувањето на керамиката.
Исеченицата од хартија е многу поболна од другите видови на исеченици затоа што има многу малку крв или нема крв воопшто, што ги остава нервните завршетоци изложени на воздухот.
Пчелата може да боцне друга пчела. Ако натрапник се обиде да влезе во кошницата, специјалните пчели чувари ослободуваат феромони додека другите пчели го напаѓаат натрапникот.
Најблискиот потомок на Тираносаурус Рекс, кој сè уште живее и денес е кокошката.
Познат американски психолог во своите истражувања тврди дека количината на влакна на телото влијае на интелигенцијата. Колку повеќе влакна имате, толку сте поинтелигентни. Доктор Aikarakudy Alias тврди дека докторите и другите високо образовани луѓе имаат поголема веројатност да имаат многу влакна на градите.
Во Колумбија, постои шарена река наречена Caño Cristales. Позната е затоа што нејзината вода може да биде во пет различни бои: црвена, жолта, зелена, сина и црна. Во сините води на реката, црвената и зеленета боја доаѓаат од алгите, црната од карпите, жолтата од песокот и така се создава спектакуларна глетка.
Немаат само мажите Адамово јаболко, туку и жените. Само е помалку истакнато.
С. С. | Црнобело