6 историски факти кои ќе ја променат вашата перцепција за времето
Историјата се создава секојдневно во светот, но не секогаш можеме да го забележиме и запаметиме секој детал. Во некои делови од светот луѓето се борат со политички скандали, а во друг дел од светот се откриваат значајни научни откритија.
Но, понекогаш не знаеме дека овие работи може да се случуваат или во минатото се случувале паралелно во исто време.
Некои од овие историски факти ќе ја променат вашата перцепција за времето и ќе ве остават збунети долго време:
1. Желката на Чарлс Дарвин, умрела во 2006-та година, додека Дарвин починал во 1882-ра година
Сите го знаеме Чарлс Дарвин и неговата теорија за еволуцијата. Меѓутоа она што не го знаете е дека тој чувал желка како домашно милениче која се викала Хариет. Хариет ја земал во 1835-та година од некој остров, а тогаш таа била многу мала.
Таа поминала некое време во домот на Дарвин во Англија, а неколку години подоцна била купена и однесена во Австралија од добар пријател на Дарвин. Во 1987-ма година, Стив Ирвин ја купил и таа останала во неговото семејство до 2006-та година кога умрела.
2. Пабло Пикасо починал годината кога Pink Floyd го издале 8-миот албум, една година по раѓањето на Еминем
Периодот од 1972-ра до 1973-та година е препознатлив по важни факти за уметноста и музиката. На први март 1973-та година, Pink Floyd го издале нивниот осми албум „The Dark Side of the Moon“.
Албумот доживеал огромен светски успех и стоел на врвот на сите музички листи долго време. Еден месец и седум дена подоцна, познатиот шпански уметник Пабло Пикасо починал додека тој и неговата сопруга вечерале со неколку пријатели.
Пикасо имал 92 години кога починал. 6 месеци пред тоа, на 17-ти октомври 1972-ра година, се родил Еминем. Всушност имало период кога овие три легендарни имиња постоеле во исто време.
3. Затворениците почнале да стигаат во Аушвиц во истата година кога McDonald's почнал да отвара ресторани
Нацистичка Германија ја нападна Полска во септември 1939-та година. На 21 септември било наредено полските евреи да биде сместени во концентрациони логори. Во 1940-та година, Аушвиц почнал да функционира како прв концентрационен логор.
Во истата година, околу 400 евреи биле однесени да престојуваат во логорот. Додека нацистите правеле планови како да ги убијат евреите, Американците биле сведоци на почетоците на легендарниот ланец за брза храна McDonald's.
Ресторанот бил основан во 1940-та година од Ричард и Морис Мекдоналд.
4. Мерилин Монро и Кралицата Елизабета II биле родени во иста година
Елизабета II, сегашната кралица на Велика Британија била родена на 21 Април 1926 година. Само 2 месеци подоцна во jуни 1926 година познатата американска актерка Мерилин Монро била родена.
5. Адолф Хитлер, Лав Троцки, Јосип Броз - Тито, Зигмунд Фројд и Сталин живееле во Виена во јануари 1913 година
Пред повеќе од еден век, во еден дел од Виена живееле Адолф Хитлер, Лав Троцки, Тито, Зигмунд Фројд и Сталин. Во 1913-та година, Сталин и Троцки биле бегалци и се криеле во Виена. Зигмунд Фројд веќе имал добро изградена кариера како психоаналитичар и живеел и работел во градот.
Во исто време, младиот Тито работел во фабрика за автомобили во мало гратче јужно од Виена. Исто така и Хитлер бил во истиот период во Виена, имал 24 години и веќе двапати неговите соништа да стане уметник му биле скршени.
6. Универзитетот Оксфорд е постар од Мачу Пикчу
Оксфорд универзитетот се наоѓа во Оксфорд, Англија и е еден од најстарите универзитети во просторите каде што се зборува англиски. Не е познато кога точна е создаден, но има некои информации кои трвдат дека првите часови почнале да се одвиваат во 1096-та година.
Оксфорд универзитетот е постар од градот Мачу Пикчу, кој постоел во 15-ти век, а пред да биде откриен воопшто не се знаело дека постои и го немало на ниедна мапа.
А. В. | Црнобело