Златото се проверува со оган, жената со злато, а мажот со жена
Вистината е следнава: колку и да ги озборуваме мажите, колку и да им припишуваме негативни и смотани карактеристики, без нив животот не би бил ист.
Непресушната тема на женските муабети, претставена низ неколку цитати.
Веруваме дека токму овие цитати ќе отворат нови дискусии:
Храбрите мажи трескаат со вратата кога ќе влезат дома, кукавиците само кога си заминуваат.
Ниту еден маж не сака да биде пријател со некоја жена, ако не може да ѝ биде љубовник.
За успешен маж се смета оној кој ќе заработи повеќе отколку што неговата сопруга ќе може да потроши.
Недоразбирањата меѓу мажите и жените најчесто избиваат бидејќи момците сакаат девица искусна како порно ѕвезда.
Некои мажи го имаат она што го заслужиле, додека други останале неоженети.
Мажите се вториот најсилен пол на Земјата.
Мажите фантазираат за она што ќе го направат, а жените за она што ќе им се случи после тоа.
Мажот секогаш го привлекува жена која се интересира за него, а не онаа со поубави нозе.
Кога мажот би можел да биде убав и интелигентен во исто време, би бил жена.
Мажот е веќе на половина заљубен во жената која го слуша.
Кога очите на жената се замаглени со солзи, тогаш мажот е оној кој не гледа јасно.
За да се зачува книгата, потребни се корици. Исто важи и за жените. Мажите кои ја сфаќаат оваа мудрост ги укоричуваат своите жени со најпрефинети материјали.
Дипломат е мажот кој секогаш го памети нејзиниот роденден, но никогаш нејзините години.
Џентлмен е секој маж кој ја штити жената сè додека не остане на само со неа.
Златото се проверува со оган, жената со злато, а мажот со жена.
М. Д. | Црнобело