Волт Дизни ѝ дал акции на слугинката како бонус: 10 забавни приказни

Во текот на историјата, во светот живееле многу лидери, пионери, мисленици, кралеви и кралици кои дале свој допринес за светот да биде каков што е денес.

10 zabavni istoriski fakti 1

Иако преку книгите и со знаењете кое ни го дадоа во училиштата, нивните имиња се бесмртни, тие на крајот од денот сепак биле обични луѓе.

Да се биде човек значи и понекогаш да се направат некои чудни грешки.

Еве неколку интересни факти кои дефинитивно ќе го променат начинот на кој ги гледате овие историски фигури:

1. Кога Франклин Рузвелт налетал на голиот Винстон Черчил

Во Декември 1941 година, после инцидентот со Перл Харбор, британскиот премиер Винстон Черчил ја посетил Белата куќа. Рузвелт во една многу непријатна ситуација влегол во собата на Черчил ненајавен и го нашол премиерот на Британија тукушто избањат и гол.

Кога Рузвелт се извинил, Черчил му одговорил: „Премиерот на Велика Британија нема ништо што да крие од претседателот на САД“.

Подоцна кога премиерот се вратил во Британија му ја раскажал приказната на кралот Џорџ и му рекол: „Господине, мислам дека сум единствениот човек на светот кој го пречекал претседателот на САД гол“.

10 zabavni istoriski fakti 2

2. Хитлер, Мусолини и Сталин биле номинирани за Нобелова награда за мир

Иако навистина е тешко да поверувате во ова, Хитлер некогаш навистина бил номиниран за Нобелова награда за мир во 1939 година од член на шведкиот парламент, Брант. Брант всушност бил голем антифашист и ја направил номинацијата во вид на сатиричен крицизам за време на политичка дебата во Шведска.

Сталин исто така бил номинаран за наградата во 1945 и 1948 за неговите напори да ја заврши Втората светска војна. Мусолини пак бил номиниран за наградата во 1935-та година од германски и француски професори, затоа што тие верувале дека тој придонел многу за италијанската економија.

10 zabavni istoriski fakti 3

3. Волт Дизни ѝ дал акции од Дизни на својата слугинка како бонус за Божиќ

Волд Дизни многу време не можел да најде жена која дома ќе му чисти, а исто така и ќе може да се справи со неговите две ќерки. Жената што му чистела пред Телма, одлично готвела и чистела, меѓутоа не се сложувала со неговите ќерки.

Но, Телма Хауард ги обожавала ќерките на Волт Дизни и ги одгледала како свои. Таа за тоа секако добивала добра плата, но и акции во Дизни како бонус за секој Божиќ.

Таа никогаш не ги продала акциите од почит, цел живот живеела нормален и скромен живот, а половина од богатството го дала во хуманитарни цели. До крајот на животот таа била мултимилионер.

10 zabavni istoriski fakti 5

4. Алберт Ајнштајн морал да се снајде за да им побегне на фановите

Пред Втората светска војна, Алберт Ајнштајн бил многу популарен во Америка. Неговата теорија за релативноста била инспирација за многу книги, филмови и претстави. На сето тоа, неговиот ексцентричен изглед го правел доста препознатлив.

Речиси секогаш кога ќе излезел на улица, луѓето го сопирале и барале од него да им ја објасни неговата теорија. Но тој нашол начин како да се справи со фановите, па почнал да ги лаже дека не е Ајнштајн, туку дека само личи на него.

10 zabavni istoriski fakti 9

5. Лав Толстој се борел за правата на животните

Лав Толстој честопати знаел да има различни ставови од луѓето во времето во кое живееле. Така наеднаш преку ноќ му текнало да стане вегетаријанец. Му требало само една минута да се реши да престане да јаде месо, после разговор со некоја жена која му зборувала за поимот.

Така некогаш кога неговата тетка побарала пилешко месо за ручек, ја дочекало големо изненадување кога се вратила дома и на масата имало жива кокошка, а до нејзе стоел нож.

10 zabavni istoriski fakti 6

6. Марија Антоанета си дизајнирала цело село со лажни жители за да се преправа дека има нормален живот

„Hameau de la Reine“ е селцето кое било изградено за кралицата Марија Антоанета. Тоа место било направено за нејзини приватни состаноци со пријатели и место каде што таа често одела да се преправа дека е нормална жена која живее во мало село.

Секогаш кога ќе ѝ здосадело да биде опкружена со дворјани, таа бегала во селото кое било дизајнирано да изгледа како да е од слика. Таа го наполнила селото со животни, а донела и луѓе кои требало да се преправаат како да се жители на селото, додека таа се шета низ него преправајќи се дека живее нормален живот.

10 zabavni istoriski fakti 4

7. Наполеон напишал романтичен роман

Необјавеното дело зборува за приказна помеѓу француски војник, Клисон кој ја среќава и се заљубува во Еугенија. Тие стапуваат во брак, имаат деца во преубава куќа далеку од градот кога стигаат вестите дека Клисон мора да се врати во војната.

Тој е повреден во некоја битка и тогаш некој човек оди кај неговата жена, ја заведува и таа престанува да му праќа писма на својот сопруг. Така со скршено срце, војникот ѝ пишува последно писмо на неговата сопруга и си го одзема животот.

Многу историчари сметаат дека Наполеон бил инспириран од неговата сопствена љубовна врска со Еугенија Клари, неговата бивша вереница.

10 zabavni istoriski fakti 10

8. Амелија Ерхарт не верувала во моногамија

Амелија Ерхарт ја сакала својата слобода и имала авантуристички дух уште кога била млада. Таа сепак била првата жена која успеала да го прелета сама Атлантскиот океан. Таа го запознала Џорџ Путнам во '20-тите, а тој ја запросил вкупно 6 пати пред таа да прифати.

Нејзините мислења за бракот биле многу либерални и таа воопшто не верувала во моногамија ни од машка ни од женска страна. На денот кога требало да се венчаат му напишала предбрачен договор, во кој пишувало дека нема да бидат обврзани да бидат верни еден на друг според некој средновековен код на однесување.

10 zabavni istoriski fakti 11

9. Вилијам Шекспир напишал клетва на неговиот гроб

Шекспир починал во 1616-та година. Два дена после неговата смрт бил закопан позади олтарот во црквата на Светото тројство. На неговиот гроб стоел епитаф на кој пишувало дека секој кој ќе проба да ги подмести неговите коски ќе биде проколнат. На ова посебно се внимавало кога се реновирала црквата во 2008-ма година.

10 zabavni istoriski fakti 7

10. Аристотел не му давал голема важност на мозокот како орган

Во 4-тиот век пред новата ера, Аристотел верувал дека мозокот е само изладувачки орган за срцето и место каде што бил сместен духот на човекот. Тој го сметал мозокот за место каде што сите духови доаѓат заедно како „sensus communis“, она што денес го знаеме како здрав разум.

Овие негови идеи биле побиени во 1-иот век пред новата ера од анатомисти кои покажале многу понапредни описи на мозокот и неговата функција. 

10 zabavni istoriski fakti 8

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg