Денес би бил неговиот 77-ми роденден: 30 забавни факти за Џон Ленон
Иако можеби ви е тешко да поверувате во ова, но постоело некое време кога рокенрол жанрот не постоел во светот.
Иако можеби не е целосно правилно да ги „обвиниме“ Битлси за раѓањето на овој популарен жанр, сепак тие се едни од главните виновници за прославувањето на рокенролот.
Денес би бил 77-ми роденден на Џон Ленон и за таа цел, ви претставуваме неколку забавни факти за легендарниот коосновач на Битлси.
1. Пред да стане познат, Ленон изјавил дека попрво би извршил самоубиство отколку да има просечна секојдневна работа.
2. Кога бил млад немал воопшто самодоверба поради неговиот голем нос.
3. Кога Ленон бил мал, повеќето од времето бил речиси слеп и не гледал ништо поради тоа што му било срам да носи очила.
4. Пред неговиот 21ви роденден, почнал сериозно да се сомнева дека некогаш ќе стане познат, затоа што мислес дека веќе е многу стар.
5. Подоцна во животот, Џон открил дека страда од дислексија.
6. Ленон се степал со некое момче на факултет, затоа што ја прашало неговата прва сопруга, Синтија, дали сака да танцува со него.
7. Најмногу време Џон поминал со Синтија кога некој викенд имал мисија која се викала „Операција Синтија“ а целта му била да ја навлече неговата сопруга на ЛСД.
8. Сакал Синтија да личи на Брижит Бардо и затоа многу и се налутил кога си ја скратила косата.
9. Синтија изјавила дека бракот со Ленон се распаднал кога почнал сериозно да консумира ЛСД.
10. Откако му здосадило од фановите кои цело време врескаат на концертите, Ленон изјавил: „Битлси концертите воопшто немаат никаква поврзаност со музиката повеќе, тие се само крвави племенски ритуали“.
11. Ленон обожавал да готваи и често готвел за целиот персонал на бендот.
12. Љубовта на Џон, Јоко не знаела дека тој е член на Битлси првпат кога го запознала.
13. Ленон бил единствениот член на Битлси кој не бил вегетаријанец.
14. Кога еден новинар напишал за него дека тој е дебелиот, почнал да јаде многу малку.
15. Го мразел мракот толку многу што секогаш спиел со вклучено светло.
16. Кога ја добил неговата возачка дозвола, многу продавачи на луксузни автомобили почнале да паркираат нови автомобили пред неговата куќа со цел да успеат да ги продадат.
17. Никогаш не бил добар шофер. Еднаш направил сообраќајка и бил шиен со 16 конци на лицето.
18. Кога Ленон живеел во Америка, ФБИ ги анализирале сите негови текстови со цел да најдат нешто нелегално поради кое ќе мораат да го депортираат.
19. Ленон изјавил дека песната „Help“ била вистински повик за помош.
20. Неговиот омилен текст што го напишал бил од песната „All you need is Love“.
21. Пиел 20-30 шолји кафе или чај секој ден.
22. Хармониката била првиот инструмент кој тој научил да го свири.
23. Боб Дилан го навлекол Ленон на марихуана.
24. Првпат пробал ЛСД, кога неговиот стоматолог му подметнал малку од дрогата во кафето.
25. Ленон неговата врска со Јоко ја опишал како различно од било што некогаш почувствувал. Поубаво од хит, поубаво од злато, поубаво од било што.
26. Ленон побарал од Јоко, да му направи листа со имињата на сите со кои таа спиела во текот на животот.
27. Ленон и Јоко вработиле видовит спиритуалист во нивниот персонал, кој им помагал да носат бизнис одлуки. Тој земал иста плата како и адвокатите и сметководителите во тимот.
28. Ленон вработил личен шофер кој ќе му биде на располаѓање 24 часа на ден во било кое време, и го плаќал по 36 фунти неделно.
29. Додека бил на тура, Ленон обожавал да игра монопол.
30. Ленон често изјавувал дека повеќе би сакал да биде член на Монти Пајтон отколку на Битлси.
А. В. | Црнобело