Никогаш не се оженил, бил опседнат со чистење: 5 необични факти за Никола Тесла

 Никола Тесла бил роден во 1856 година, и отсекогаш била фасцинантна и енигматична историска фигура.

5 neobicni fakti za nikola tesla 4

Неговиот придонес за науката долго време бил потценуван, но денес неговата работа конечно е признаена како фасцинантна и многу потребна за животот кој го живееме.

Еве неколку факти од неговиот интригантен личен живот:

1. Тесла бил роден за време на бура со силни молњи

Никола Тесла бил роден околу полноќ, ноќта помеѓу 9 и 10 јули, 1856 година, за време на силна бура со молњи. Според една семејна легенда, за време на пораѓањето, бабицата почнала да се моли затоа што мислела дека молњите се лош знак.

Таа рекла дека ова ќе биде дете на темнината, на што неговата мајка одговорила: „Не, тој ќе биде дете на светлината.”

5 neobicni fakti za nikola tesla 3

2. Тесла верувал дека бракот ќе му ги уништи научните способности

Тесла бил привлечен маж. Со речиси 190 центиметри висина и тежина околу 65 килограми, Тесла бил слаб со темни, убави очи. Тој исто така знаел да се облекува и бил многу популарен во социјалните кругови кога не би целосно фокусиран на работата.

Не само што имал многу познати пријатели како Марк Твеин, тој исто така го привлекувал вниманието на жените, од кои многу признале дека се лудо вљубени во него. Голем дел од љубовниот живот на Тесла е мистерија, но се знае дека тој никогаш не се оженил.

5 neobicni fakti za nikola tesla 1

Во неговата младост, Тесла верувал дека жените се супериорни над мажите и дека тој не заслужува да има жена во неговиот живот.

Подоцна во животот неговото мислење почнало да се менува и мислел дека жените пробуваат да го надминат мажот и се трудат да бидат подоминантни. Тој изјавил дека нежните жени кои толку ги почитувал се претвориле во некого кој мисли дека успехот лежи во тоа да изгледа колку е можно повеќе како маж.

Верувал дека жртвата која ја направил со тоа што не се оженил е многу голема, но никогаш немал врски затоа што ја наоѓал потребната стимулација што му треба во животот во неговата работа.

3. Тесла отворено ја изразувал својата аверзија кон луѓето со прекумерна тежина

Тој не бил секогаш љубезен. Понекогаш бил многу груб со неговите мислења за другите луѓе. Кога работел, целосно се оддалечувал од луѓето, но кога бил активно вклучен во социјалните случувања, луѓето го опишувале како искрен и префинет џентлмен.

Многу често го критикувал изборот на облека на другите луѓе и ги праќал неговите вработени да се пресоблечат. Неговата одбивност кон луѓето со прекумерна тежина била секогаш најотворено прикажана, како во случајот кога ја избркал неговата секретарка од работа заради нејзината тежина.

4. Мразел бисери и многу се грижел за неговиот стил

Тесла не можел да поднесе да види бисери на вратот на жена во негово друштво. Тој ги мразел бисерите до толку што не разговорал воопшто со жени што ги носеле.

Кога еднаш неговата секретарка носела бисери, тој ја испратил дома. Никој не знае зошто точно тој толку мразел бисери.

Познат е фактот дека имал посебен стил. Тој верувал дека со цел да бидеш успешен, треба да изгледаш како некој што е успешен. Носел бели ракавици на вечера секоја ноќ и бил горд на неговиот изглед.

Секоја фотографија од Тесла била многу внимателно направена со цел убаво да се гледа неговата добра страна на фотографијата.

5 neobicni fakti za nikola tesla 2

5. Имал фотографска меморија и најверојатно страдал од опсесивно компулсивно растројство

Тесла имал фотографска меморија. Тој можел да ја запамети цела книга или детали од слики откако еднаш ќе ги погледне. Оваа способност му помогнала многу во неговите иновации.

Исто така, имал моќна имагинација и способност да ги визуелизира работите во 3Д димензија, со која што успевал да ги контролира страшните кошмари кои ги имал како дете.

Тоа е само дел од она што го прави толку мистичен и ексцентричен карактер во популарната култура.

Тесла исто така мислел дека му требаат само 2 часа сон навечер, иако понекогаш спиел и попладне.

Не можел да поднесе да допре влакно од коса, бил опседнат со бројот 3, го чистел секој дел од трпезаријата пред да вечера, користел секогаш 18 марамчиња за полирање на предметите кои ги чистел, премногу се грижел дека насекаде има бактерии, поради што се верува дека страдал од опсесивно компулсивно растројство.

5 neobicni fakti za nikola tesla 6

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg