Најпознатиот руски психолог за среќата и љубовта: Здравата личност не сака да стапи во брак
Рамнодушни на зборовите на Михаил Лабковски - нема. Некој потполно ги прифаќа, некој со негодување се обидува да ги побие.
Но, и за едните и другите, неговите зборови имаат огромна моќ. Тие се засновани на здрав цинизам и долгогодишно животно искуство.
Најдоброто од Михаил Лабковски на тема среќа и љубов:
1. Здравата личност не сака да стапи во брак. Првата работа која треба да ја направите – да престанете да посакувате да стапите во брак. Со други зборови, ако сакате да се омажите/ожените, треба да престанете да мислите на тоа.
2. Заложувањето за среќен семеен живот, брак и секс само со еден партнер, е возможно само за човекот со стабилна психа. Без отстапки и компромиси – тоа е директен пат кон кардиолог или онколог. Кога човекот има стабилна психа, тој може да живее со еден партнер цел живот. И да го сака.
3. Луѓето не се сакаат затоа што се фини. Жената за мажот е само празен простор, ако тој не може да каже која е, што е и што сака за појадок. Парадоксот е во тоа што мажите обожаваат bossy - bitchy жени.
4. Изворот на женските проблеми не е во тоа што тој се однесува како јарец. Причината е тоа што таа има невроза, на која ѝ е неопходен излез. А, на тој излез неопходен му е одреден човек и одреден однос во кој таа би можела да пати. Заради тоа жените намерно стапуваат во такви односи, бидејќи од деца имаат психичка потреба за нив.
5. Ние ја мериме љубовта по нивото на патење. Во здравата љубов – се работи за тоа колку си среќен.
6. Кога стјуардесата ги покажува средствата за спасување, што вели за маската со кислород? „Ако патувате со деца, прво ставете ја маската на себе, па потоа на детето.“ Во тоа е трикот. Секој се обидува да му помогне прво на детето, останувајќи апсолутно без рамнотежа. Не се прави така. Ако сакате на детето да му биде добро, прво направете нешто добро за себе.
7. Мажите се така настроени што уште од времето со своите мајки – им приоѓаат само на оние чии очи им даваат одобрување. Здравиот маж е како дете. Приоѓа кога жената му се насмевнува, гледајќи го во очи.
8. Здравите луѓе секогаш прават избори во своја корист, а невротичните – во сопствена штета, во тоа е главната разлика.
9. Жената никогаш не би требало да го толерира во врската она што не ѝ се допаѓа. Треба веднаш да го каже, а ако мажот не се менува, треба да се разиде со него.
10. Мажите се како деца, им се допаѓа кога жената има цврст карактер.
11. Ако човекот на друг човек му го заменува целиот свет, тоа значи дека сопствен свет и нема.
12. Осаменост – тоа не е недостаток на љубов од околината. Тоа е отсуство на интересирање за себе, уште од детството.
13. На сметка на потрагата по партнер ќе ти кажам: А кого тоа ти бараш? Единствен квалитет кој може да го има твојот партнер е тоа тој да те улови. Сè друго е неважно. Ако го сакаш, се грижиш за него, тогаш нема никакви јадици.
14. Што треба да се прави за да се стапи во брак? Сè на сè треба да правиш само едно – да бидеш свој. Тоа е доволно. Во принцип, и да сакаш заради истата причина.
15. Дали знаете која е клучната разлика меѓу здравата и невротичната личност? Здравата личност исто пати, но заради реални приказни. Невротичната пати заради фиктивни причини. А, ако патењето не е доволно, мора дополнително да го зголеми со саканиот Кафка, Достоевски и шише алкохол.
16. Ако не ви се допаѓа како се однесува еден маж, не треба да барате оправдувања за неговото однесување. Ситуацијата во која „не се јавил“ за здравата девојка значи крај на односот, за нездравата – почеток на љубовта.
17. Како што рекол писателот Кристофер Бакли, не треба да јадеш во ресторан кој има натпис „како кај мама“ и да одиш во кревет со жена која има повеќе проблеми отколку ти.
18. Скромноста никого не краси. Заради искомплексираноста, несигурноста и ниската самодоверба девојката живее без секс и односи, не затоа што е лоша, туку затоа што лошо се однесува кон себе. Задача на психологијата е да ја извади од тоа.
19. Семејна терапија, тоа е развод. Само една семејна терапија сметам за навистина корисна – најмување на психолог при развод. Но, токму тоа не се практикува.
20. Единствено време во животот на човекот, кога тој е објективно зависен и кога може да се смета како заложник е детството и зависноста од родителите. Тоа трае релативно кратко време. Во сите останати случаи, останувањето во било кој однос е избор на возрасен човек.
М. Д. | Црнобело