5 бизарни факти за кои нема да ви се верува дека се научно докажани
Од бојата на универзумот до прекумерната самодоверба на неспособните, овие факти ќе ве зачудат.
Фактите доаѓаат од цврсти докази и истражувања правени во текот на многу години, па и децении.
Но, некои од нив понекогаш звучат толку нереално што мислиме дека се фикција.
Овие 5 факти се токму такви - едноставно нема да верувате во нив:
Девојките се поатрактивни во групи
Повеќето луѓе ќе се согласат дека спортските навивачки или пак женските бендови се главна атракција. Постои верување дека кога луѓето гледаат група луѓе, нивните карактеристики на лицето некако повеќе се истакнуваат од просечно.
Затоа, една девојка може да изгледа попривлечно кога е во група отколку сама.
Во една студија во која учествуваа учесници на кои им беа прикажани фотографии од 100 луѓе прво фотографирани сами, а потоа како дел од група, резултатите покажаа дека учесниците биле повеќе привлечени од фотките од девојката на кои таа позира во група.
Универзумот е во крем боја
Во обид да се открие бојата на светлината што е емитирана во целиот универзум, беше направено амбициозно истражување на повеќе од 200.000 галаксии од страна на астрономите од Универзитетот Џон Хопкинс.
Откритието е дека станува збор за комбинација на бели и крем нијанси. Потоа тие одлучија да ѝ дадат име на бојата и ја крстија „cosmic latte“, а бојата со ова име ја има дури и во палетата на Фотошоп.
Листата на активности нѐ прави попродуктивни
Листите на работи кои треба да ги завршиме нѐ прави попродуктивни и понасочени кон нашите цели.
Истражувањата покажуваат дека запишувањето на нашите задачи и цели го прави активното учество во нив позначајно и ни дава чувство на поголема обврска да го завршиме започнатото. Исто така, го подобрува поставувањето на приоритети и менаџирање со времето. Обидете се со план за една седмица.
Жените ја сакаат формата на буквата „Т“
Истражувачкиот тим на Универзитетот Нотингем Трент во Велика Британија откри дека ако маж е облечен во обична бела маичка со голема црна буква „Т“ напред, тој изгледа многу попривлечно за спротивниот пол. Тие објаснуваат дека формата „Т“ го нагласува односот на половината и раширувањето кај градите, кој е клучен за идентификување на машкоста.
Претпоставката беше докажана и со испитување во кое мажи носеа маички со буквата „Т“ нормално и со буквата „Т“ свртена наопаку. Тие со буквата „Т“ нормално победија.
Колку помалку знаеш, толку повеќе мислиш дека знаеш
Преголемата самодоверба би можеле да ја измешаме со бестрашност, па да ни создаде многу проблеми. Данинг-Кругеровиот ефект го објаснува овој феномен попрецизно.
Данинг-Кругеровиот ефект тврди дека колку сте понеспособни за нешто, толку повеќе верувате во својата способност. Теоријата се докажала како исправна со серија експерименти на Универзитетот Корнел во 1999 година. На премногу самоуверените им било тешко да ја препознаат сопствената неспособност.
С. С. | Црнобело