Најубавите цитати од францускиот писател Гијом Мисо

Неговите романи се читаат во еден здив и буквално оставаат без здив.

najubavite-citati-od-francuskiot-pisatel-gijom-miso-001.jpg

Францускиот писател Гијом Мисо знае како да допре до срцето на публиката, па токму затоа неговите книги се едни од најпродаваните ширум светот.

На 19 години Гијом отишол во Америка и заработувал продавајќи сладолед, а по враќањето во Франција полн со идеи започнал да пишува.

Неговата прва книга е издадена во 2001 година, а по доживеаната тешка сообраќајна незгода се заинтересирал за луѓето кои имале искуство да бидат блиску до смртта и започнал да пишува за тоа.

najubavite citati od francuskiot pisatel gijom miso 02

Тој се вбројува во најпродаваните автори во Франција, а досега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.

Дел од неговите романи се: „А потоа...“, „Спаси ме“, „Дали ме чекаш?“, „Затоа што те љубам“, „Како без тебе“, „Ангелски повик“, „7 година подоцна“, „Девојката од Бруклин“ итн.

Ви претставуваме некои од неговите најубави цитати:

1. „Постојат работи чиј тек не можеме да го спречиме. Тоа што мора да се случи, ќе се случи, без обѕир на сите наши обиди да го спречиме.“

2. „Понекогаш мора да ја свртиме страницата за да можеме на наредната да напишеме нешто ново.“

3. „Светот нема да ти подари ништо, верувај ми. Ако сакаш да имаш живот, укради го.“

4. „Ако ги погазиме сопствените вредности, сме погазиле сѐ.“

5. „И со последниот здив сфаќам сѐ: Дека времето не постои, дека животот е единственото што го имаме, дека никогаш не треба да го презираме, дека сите ние сме едно и дека најважното секогаш ќе ни бега.“

6. „Бев толку блиску до тебе, што ми е толку студено кога сум покрај други.“

7. „Судбината е изговор за оние што одбиваат да ја преземат одговорноста за сопствениот живот.“

8. „Најубавите години се оние кои допрва треба да се доживеат.“

9. „Би сакал да можам повеќе да ви помогнам, да ви помогнам да го пронајдете вистинскиот пат кој води од мракот и од незнаењето во кое творите. Но ќе морате самите да го пронајдете тој пат. Мудроста никогаш нема да ја добиете на чинија. Да е поинаку, тоа не би била мудрост.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg