8 обични работи чија вистинска намена ќе ве зачуди

Дали знаете зошто биле измислени очилата за сонце, дупчињата во крофните или вдлабнатините на голф топчињата?

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 001

Во нашиот секојдневен живот сме опкружени со предмети кои ни се чинат толку обични што дури ни за миг не застануваме да размислиме зошто тие се навистина потребни и како се појавиле.

Ќе ви биде забавно да ги откриете неверојатните намени на осум сосема обични работи:

Дупката во крофните

Оваа закуска е стара стотици години и сите ја обожаваат.  Денес ја има во сите вкусови и облици, но во минатото било тешко краевите и средината на тестото да биде еднакво испечени, па токму поради тоа пекарите смилиле форма која нема да предизвикува такви проблеми.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 01

Точките на шофершајбната

Црната лента по крајот на шофершајбната всушност е печена керамичка боја и има неколку функции. Таа го штити средството со кое шофершајбната е залепена, штити од ултравиолетовите зраци и ја собира нечистотијата што се собира на краевите од стаклото.

Инаку точките се ставени за попријатно визуелно преминување од црната лента на транспарентното стакло.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 02

Очила за сонце

Очилата за сонце изгледаат како предмет кој има само една намена и тоа онаа што ја посочува нивното име, но не е така едноставно.

Темните очила се измислени од арктичките народи за да ги заштитат нивните очи од снегот што блеска. Тие во 12-тиот век биле распространети и помеѓу судиите во Кина, кои ги носеле за да ги сокријат своите вистински емоции од сведоците.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 03

Маргини на тетратките

Маргините не биле смислени за да им остават простор на учителките да ги нагласат грешките и да ставаат оценки.

Вистината е дека книгите во минатото честопати биле жртви на глувци. Луѓето започнале да оставаат простор на краевите со цел да не им дозволат на глодарите да оштетат дел од информациите во книгата, туку штетата да се случи на празните делови.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 04

Вдлабнатини на голф топчињата

Првите топчиња за голф биле многу мазни. Но со време голф играчите сфатиле дека старите, оштетени топчиња се најдобри за играње, па со години ги користеле истите стари топчиња.

Произведувачите го забележале ова и започнале да произведуваат топчиња со вдлабнатини.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 05

Половични ремени

Ова мало парче ткаенина или кожа може да се види на задниот дел на многу капути и јакни. Половичните ремени прво се појавиле на војничките капути пред многу векови.  Навечер тие можеле да бидат откопчани и капутите да бидат користени како ќебиња.

Времињата се променија, но половичните ремени останаа.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 06

Дупчиња во катанците

Катанците често се користат за заклучување на вратите однадвор, па брзо се расипуваат поради дождот. Кога тоа се случува некои луѓе едноставно купуваат нов катанец.

Малку луѓе знаат дека малата дупка на дното е направена за сипување на масло внатре. По оваа едноставна процедура клучот повторно ќе влезе во бравата без тешкотија.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 07

Бразди на слушалките

Сигурно сте забележале дека сите слушалки на приклучоците имаат две или три бразди.

Тие не се направени само за декорација. Има жици кои одат до двете слушалки од секоја бразда и ако тие не беа таму, вие ќе слушавте како звукот доаѓа само од едната слушалка.

8 sekojdnevni raboti chija vistinska namena kje ve voodushevi 08

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg