Инспиративни цитати од филмот „Wonder woman“
Ова е филм за волјата и љубовта, а Дајана и Стив ќе ве научат како да го спасите вашиот свет.
Филмот „Wonder woman“ е два часа охрабрување. Невозможно е да ги гледате Дајана, Антиопе, Стив и Амазонките без да помислите дека е возможно да се справите со сите пречки во животот.
Избравме неколку инспиративни цитати од овој неверојатен филм, кои ќе ви помогнат да го спасите светот, односно она што за вас претставува ваш свет.
„Што прави некој кога е соочен со вистината е потешко од што мислите.“ – Дајана
Дајана ја започнува приказната за „Wonder woman“ така што и посочува на публиката дека ова нема да биде едноставна приказна за доброто наспроти злото, какви што малку всушност има.
Кога сме соочени со работите во реалноста, мора да бидат направени тешки избори.
„Ти си посилен од што мислиш, ти имаш поголеми моќи од што знаеш.“ – Антиопе
Ние сме многу поспособни отколку што мислиме. Добро, во филмот се однесува на тоа дека Дајана е всушност божица, но цитатот дефинитивно се однесува и на сите нас, обичните смртници.
„Дозволуваш оваа мала работа да ти кажува што да правиш?“ – Дајана (мислејќи на часовникот на Стив)
Стив можеби знае повеќе за технологијата и како функционира светот, но Дајана докажува дека е многу помудра.
Престанете да го користите часовникот како изговор кажувајќи: „Нема доволно време“ или „Сега не е вистинското време“. Сега е вистинскиот миг.
„Претпоставувам дека мора да пробам. Татко ми еднаш ми кажа: „Ако видиш нешто погрешно да се случува во светот можеш или да не сториш ништо или да преземеш нешто“. И јас веќе пробав да не правам ништо.“ – Стив
Се сеќавате на оние тешки избори што ги споменавме во првиот цитат? Ова е еден од нив.
Секогаш имаме две опции. Да направиме нешто или да не правиме ништо.
„Јас сум подготвена да се борам за оние кои не можат да се борат за себе.“ – Дајана
Дајана докажува дека волјата е најважна. Таа секогаш е подготвена да им помогне на сите што страдаат, како што ја научиле Амазонките.
„Јас можам да го спасам денешниот ден, ти можеш да го спасиш светот.“ – Стив
Секој има свој дел во големата слика.
Стив ги скрши срцата на сите откако одлучи да се жртвува и да даде сѐ од себе.
„Сакав да го спасам светот, да заврши војната и да донесам мир на човештвото, но тогаш ја видов темнината што живее во нивната светлина. Сфатив дека во секој од нив ги има двете. Изборот мора да го направи секој за себе. Ниту еден херој не може да го стори тоа за нив. И сега знам дека само љубовта може вистински да го спаси светот. Затоа останувам, да се борам и да давам за светот за кој знам каков би можел да биде.“ – Дајана
„Wonder woman“ завршува со сфаќањето на Дајана каква е природата на светот и човештвото. Дека не е свет полн со мирољубиви креации на Зевс, но поради љубовта сѐ уште има волја да се бори за него.
И покрај мааните на човештвото, постоењето на љубовта нѐ прави вредни за спасување и само таа може да не спаси.
С. С. | Црнобело