Вистини кои ќе ве ослободат од ланците на животот

Најважната слобода во животот која треба да си ја дадете самите на себе е да бидете свои. Да не ја замените реалноста со улога.

5-vistini-koi-ke-ve-oslobodat-od-lancite-na-zivotot-001.jpg

Дали ви е потребна животна промена? Нешто што ќе ве ослободи од стегите на животот?

Прифаќањето на овие 5 вистини е првиот чекор:

1. Никој не може да задоволува некого постојано

Запаметете дека дури и најдобрата и најприлагодливата личност која постои не може постојано да ги задоволи туѓите желби и барања, колку и да се труди. А, и не треба.

Штом еднаш ќе се ослободите од очекувањата на луѓето, ќе бидете слободни да ги задоволите своите желби и потреби. Тоа многу повеќе ќе ве исполни.

2. Не мора да бидете истата личност која што бевте до вчера

Многу луѓе се чувствуваат под притисок дека мора да останат исти. Се плашат од промена и од тоа што ќе помислат другите.

Бидете храбри. На промените мислете како на чекор поблиску до конечната цел. Оставете ги другите да се справат со нивните емоции, вие справете се со вашите. Само тие се ваша одговорност.

3. Само-сакањето и самодовербата не се исто што и себичноста

Некои луѓе ќе се обидат да ве убедат во спротивното. Но, не смее да успеат.

4. Не постои нешто „совршено“

Нема совршена љубов. Ниту работа. Ниту совршена ситуација или момент. Со сигурност нема совршени луѓе.

Реалното е она што ви треба и кон она што треба да се стремите.

5. Животот не е натпревар

Нема победници и губитници. Секој има своја дестинација, свој пат по кој оди. Споредувањето само создава непотребен стрес и незадоволство.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg